Close Menu
    Најново

    СДСМ: Инфлацијата достигна 4,5%, економските политики на ВМРО-ДПМНЕ се промашени

    07.11.2025 во 14:28

    Хорор во ресторан во Скопје: Извадил пиштол и го репетирал кон вработените

    07.11.2025 во 14:11

    Власта чисти во своите редови: Се бара притвор за државни функционери

    07.11.2025 во 14:11
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • СДСМ: Инфлацијата достигна 4,5%, економските политики на ВМРО-ДПМНЕ се промашени
    • Хорор во ресторан во Скопје: Извадил пиштол и го репетирал кон вработените
    • Власта чисти во своите редови: Се бара притвор за државни функционери
    • Драма во Центар: Маж натепан од сопругата и од синот
    • Штипјанка остана без пари, документи и телефон: Разбојник ја начекал во Аеродром
    • Собранието го комплетира составот: Констатирани мандатите на Николовска, Стојановски и Андонов
    • Димитриевски: Дали и министерот Трипуновски е замешан во корупциската шемата на неговиот директор Стоилев
    • Акција на ОЈО ГОКК: Паѓаат управници, државни службеници и референти за поткуп и влијание во ИПАРД агенцијата
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24Press24
    Home » Македонија добива „дигитален ‘рбет“: ЕУ отвора антена за Вештачка интелигенција во земјава

    Македонија добива „дигитален ‘рбет“: ЕУ отвора антена за Вештачка интелигенција во земјава

    14.10.2025 во 12:05
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Европската унија го проширува проектот „Фабрички антени за вештачка интелигенција“ (AIFA) и на Западен Балкан, а една од првите антени ќе биде отворена во Македонија.

    Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, го најави потегот во Тирана, нарекувајќи го „дигитален ’рбет“ што ќе ги поврзе компаниите од регионот со европската технолошка инфраструктура.

    „Ќе започнеме со две антени во Северна Македонија и Србија, со што воведуваме брз дигитален ‘рбет низ целиот регион и им овозможуваме на компаниите од сите шест партнери да се поврзат со европските фабрики за вештачка интелигенција“, изјави Фон дер Лајен во своето обраќање на Инвестицискиот форум на ЕУ и Западен Балкан во Тирана. 

    „Тоа значи дека вашите компании ќе имаат пристап до европската инфраструктура за вештачка интелигенција токму тука, во регионот. Со други зборови, компјутерската моќ на Унијата ќе ви биде на располагање. Сакам иднината на вештачката интелигенција да се создава во Европа. И сакам Западен Балкан да биде нејзин составен дел,“ додава таа. 

    Овие фабрики се високо-технолошки центри поврзани со европската суперкомпјутерска мрежа EuroHPC и овозможуваат развој и примена на напредни модели на вештачка интелигенција. Центарот во Македонија ќе нуди техничка поддршка, обуки и партнерства со индустријата, создавајќи нови можности за стартапи, истражувачи и дигитална економија.

    Фон дер Лајен истакна дека ова е „политички и технолошки мост“ меѓу ЕУ и регионот, а Македонија со тоа станува дел од европскиот технолошки екосистем и чекор поблиску до дигиталната иднина. 

    Популарно

    Орце го чека Обвинителството да дојде во Град Скопје: Имам документи за сериозен криминал

    07.11.2025 во 09:51

    ФОТО: Данела ја закачи својата слика до Шилегов пред заминување – избрала колор

    07.11.2025 во 11:17

    Грозоморно убиство во Чашка: Го викнале во кола и му пукале во глава – еден осомничен приведен

    07.11.2025 во 09:11

    Утре е Митровден – Што значи ако заврне, а што ако сонце грее

    07.11.2025 во 09:43
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.