Close Menu
    Најново

    Фалсификувани пасоши и шверц мигранти: Британски санкции за балкански банди

    22.10.2025 во 17:35

    Хорор во Кичево: Избодено 15-годишно дете

    22.10.2025 во 17:17

    Голема реорганизација во Мета: Фрчат откази во одделот за ВИ

    22.10.2025 во 17:13
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • Фалсификувани пасоши и шверц мигранти: Британски санкции за балкански банди
    • Хорор во Кичево: Избодено 15-годишно дете
    • Голема реорганизација во Мета: Фрчат откази во одделот за ВИ
    • Гаши-Солстром: Одлични билатерални односи меѓу Македонија и Шведска
    • Нетанјаху: Израел не е протекторат на САД
    • Подадена рака во Куманово: Меџити, Муртези и Стојчевски му дадоа поддршка на Максим Димитриевски
    • Стефковски на терен: Вардариште е под 24-часовен видео надзор, на лице место има и полициски службеници
    • Платите продолжуваат да растат: Нето-платата во август повисока за 10,3%
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24Press24
    Home » Македонија добива „дигитален ‘рбет“: ЕУ отвора антена за Вештачка интелигенција во земјава

    Македонија добива „дигитален ‘рбет“: ЕУ отвора антена за Вештачка интелигенција во земјава

    14.10.2025 во 12:05
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Европската унија го проширува проектот „Фабрички антени за вештачка интелигенција“ (AIFA) и на Западен Балкан, а една од првите антени ќе биде отворена во Македонија.

    Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, го најави потегот во Тирана, нарекувајќи го „дигитален ’рбет“ што ќе ги поврзе компаниите од регионот со европската технолошка инфраструктура.

    „Ќе започнеме со две антени во Северна Македонија и Србија, со што воведуваме брз дигитален ‘рбет низ целиот регион и им овозможуваме на компаниите од сите шест партнери да се поврзат со европските фабрики за вештачка интелигенција“, изјави Фон дер Лајен во своето обраќање на Инвестицискиот форум на ЕУ и Западен Балкан во Тирана. 

    „Тоа значи дека вашите компании ќе имаат пристап до европската инфраструктура за вештачка интелигенција токму тука, во регионот. Со други зборови, компјутерската моќ на Унијата ќе ви биде на располагање. Сакам иднината на вештачката интелигенција да се создава во Европа. И сакам Западен Балкан да биде нејзин составен дел,“ додава таа. 

    Овие фабрики се високо-технолошки центри поврзани со европската суперкомпјутерска мрежа EuroHPC и овозможуваат развој и примена на напредни модели на вештачка интелигенција. Центарот во Македонија ќе нуди техничка поддршка, обуки и партнерства со индустријата, создавајќи нови можности за стартапи, истражувачи и дигитална економија.

    Фон дер Лајен истакна дека ова е „политички и технолошки мост“ меѓу ЕУ и регионот, а Македонија со тоа станува дел од европскиот технолошки екосистем и чекор поблиску до дигиталната иднина. 

    Популарно

    Голема акција во Скопје: Претреси на 15 локации – уапсени лихвари и бизнисмени со 2 милиони евра црни пари

    22.10.2025 во 12:42

    Масовно апсење во Прилеп: Паѓаат доктори и директори

    22.10.2025 во 10:48

    (ВИДЕО) „Останете во засолниште“: Гори се, има загинати – Русите го бомбардираа Киев

    22.10.2025 во 11:21

    Притвор за 6 лица и мерки претпазливост за 15-тина приведени за случајот со Прилепската болница, бара обвинителството

    22.10.2025 во 12:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.