Close Menu
    Најново

    Турски државјанин заработи пријава: Го тепал вработениот во скопски хотел

    16.12.2025 во 13:31

    Петрушевски за оставката на Коцевски: Се става крај на еден мрачен период, во кој Обвинителството беше перципирано како партизиран механизам

    16.12.2025 во 13:10

    Газдата на „Дурмо турс“ повторно бара одложување на издржувањето на казната: Му било препорачано мирување во период од 20 до 30 дена

    16.12.2025 во 13:01
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • Турски државјанин заработи пријава: Го тепал вработениот во скопски хотел
    • Петрушевски за оставката на Коцевски: Се става крај на еден мрачен период, во кој Обвинителството беше перципирано како партизиран механизам
    • Газдата на „Дурмо турс“ повторно бара одложување на издржувањето на казната: Му било препорачано мирување во период од 20 до 30 дена
    • Голема акција за пошумување  на територијата на општина Кисела Вода
    • Песков: Нема примирје за Божиќ, Русија не сака пауза туку „целосен мир“ и остварување на целите
    • „Денес сме големи губитници“: Вучиќ бесен откако зетот на Трамп се откажа од хотелот во Белград
    • Собранието го констатираше престанокот на функцијата на обвинителот Коцевски
    • Општина Ресен ги повика граѓаните: Пријавете штети од поплавите најдоцна до 26 декември
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24Press24
    Home » Македонија добива „дигитален ‘рбет“: ЕУ отвора антена за Вештачка интелигенција во земјава

    Македонија добива „дигитален ‘рбет“: ЕУ отвора антена за Вештачка интелигенција во земјава

    14.10.2025 во 12:05
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Европската унија го проширува проектот „Фабрички антени за вештачка интелигенција“ (AIFA) и на Западен Балкан, а една од првите антени ќе биде отворена во Македонија.

    Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, го најави потегот во Тирана, нарекувајќи го „дигитален ’рбет“ што ќе ги поврзе компаниите од регионот со европската технолошка инфраструктура.

    „Ќе започнеме со две антени во Северна Македонија и Србија, со што воведуваме брз дигитален ‘рбет низ целиот регион и им овозможуваме на компаниите од сите шест партнери да се поврзат со европските фабрики за вештачка интелигенција“, изјави Фон дер Лајен во своето обраќање на Инвестицискиот форум на ЕУ и Западен Балкан во Тирана. 

    „Тоа значи дека вашите компании ќе имаат пристап до европската инфраструктура за вештачка интелигенција токму тука, во регионот. Со други зборови, компјутерската моќ на Унијата ќе ви биде на располагање. Сакам иднината на вештачката интелигенција да се создава во Европа. И сакам Западен Балкан да биде нејзин составен дел,“ додава таа. 

    Овие фабрики се високо-технолошки центри поврзани со европската суперкомпјутерска мрежа EuroHPC и овозможуваат развој и примена на напредни модели на вештачка интелигенција. Центарот во Македонија ќе нуди техничка поддршка, обуки и партнерства со индустријата, создавајќи нови можности за стартапи, истражувачи и дигитална економија.

    Фон дер Лајен истакна дека ова е „политички и технолошки мост“ меѓу ЕУ и регионот, а Македонија со тоа станува дел од европскиот технолошки екосистем и чекор поблиску до дигиталната иднина. 

    Популарно

    Зеленски: Ако Путин одбие САД ќе ни обезбедат пари и оружје

    16.12.2025 во 11:13

    Напаѓачот од Сиднеј се разбуди од кома – Полицијата го испрашува

    16.12.2025 во 10:41

    Европските лидери се договорија: Мултинационални сили како дел од безбедносните гаранции за Украина

    16.12.2025 во 10:35

    Стојаноски: Лагите на СДС се разоткриени

    16.12.2025 во 11:12
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.