Close Menu
    Најново

    Полицијата со засилени контроли: Над 6.000 казни за девет дена, 44 лица завршија во полициска станица

    10.12.2025 во 16:17

    Измама тешка 74.000 денари: Мајстори земале пари за материјал од скопјанец па ги снемало

    10.12.2025 во 16:06

    Маж од Кочани ќе одговара за насилство врз дете

    10.12.2025 во 15:42
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • Полицијата со засилени контроли: Над 6.000 казни за девет дена, 44 лица завршија во полициска станица
    • Измама тешка 74.000 денари: Мајстори земале пари за материјал од скопјанец па ги снемало
    • Маж од Кочани ќе одговара за насилство врз дете
    • Фон дер Лајен: Мора да ставиме крај на бизнис моделот на шверцување мигранти
    • Точна астро прогноза за 2026 година: Три хороскопски знаци ќе владеат, ги очекува неверојатен успех
    • Семејството на Брус Вилис се подготвува за неговата смрт – донесоа одлука која ги изненади сите
    • Димитровски: Нашето брзо членство во ЕУ е нужност
    • Герасимовски: Со стручна поддршка и социјална активност ја зајакнуваме благосостојбата на пензионерите во Центар
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24Press24
    Home » Македонија добива „дигитален ‘рбет“: ЕУ отвора антена за Вештачка интелигенција во земјава

    Македонија добива „дигитален ‘рбет“: ЕУ отвора антена за Вештачка интелигенција во земјава

    14.10.2025 во 12:05
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Европската унија го проширува проектот „Фабрички антени за вештачка интелигенција“ (AIFA) и на Западен Балкан, а една од првите антени ќе биде отворена во Македонија.

    Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, го најави потегот во Тирана, нарекувајќи го „дигитален ’рбет“ што ќе ги поврзе компаниите од регионот со европската технолошка инфраструктура.

    „Ќе започнеме со две антени во Северна Македонија и Србија, со што воведуваме брз дигитален ‘рбет низ целиот регион и им овозможуваме на компаниите од сите шест партнери да се поврзат со европските фабрики за вештачка интелигенција“, изјави Фон дер Лајен во своето обраќање на Инвестицискиот форум на ЕУ и Западен Балкан во Тирана. 

    „Тоа значи дека вашите компании ќе имаат пристап до европската инфраструктура за вештачка интелигенција токму тука, во регионот. Со други зборови, компјутерската моќ на Унијата ќе ви биде на располагање. Сакам иднината на вештачката интелигенција да се создава во Европа. И сакам Западен Балкан да биде нејзин составен дел,“ додава таа. 

    Овие фабрики се високо-технолошки центри поврзани со европската суперкомпјутерска мрежа EuroHPC и овозможуваат развој и примена на напредни модели на вештачка интелигенција. Центарот во Македонија ќе нуди техничка поддршка, обуки и партнерства со индустријата, создавајќи нови можности за стартапи, истражувачи и дигитална економија.

    Фон дер Лајен истакна дека ова е „политички и технолошки мост“ меѓу ЕУ и регионот, а Македонија со тоа станува дел од европскиот технолошки екосистем и чекор поблиску до дигиталната иднина. 

    Популарно

    МВР ќе испраќа и фотографии, процент на тоелранција на брзината ќе има

    09.12.2025 во 10:22

    Познато кој ќе пее на плоштад во Скопје за дочек на Нова година

    10.12.2025 во 14:19

    Уапсени тројца Бугари во Демир Хисар: Краделе македонски народни носии

    10.12.2025 во 14:11

    Претседателката за мигрантите: Ако се лица опасни за Британија, опасност се и за нас – јас сум против нивен прием

    10.12.2025 во 11:54
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.