Close Menu
    Најново

    Јаневска: Новата Стратегија за образование 2026-2032 ќе обезбеди континуитет

    06.11.2025 во 12:54

    Внимавајте кога патувате во регионот: Може да платите казна од 1.990 евра за извалкана табличка

    06.11.2025 во 12:45

    Мицкоски: Дали во ДУИ и СДСМ ќе има кадровски освежувања и поместувања е нивно внатрешно прашање

    06.11.2025 во 12:42
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • Јаневска: Новата Стратегија за образование 2026-2032 ќе обезбеди континуитет
    • Внимавајте кога патувате во регионот: Може да платите казна од 1.990 евра за извалкана табличка
    • Мицкоски: Дали во ДУИ и СДСМ ќе има кадровски освежувања и поместувања е нивно внатрешно прашање
    • Ужас: Ја оставил 2-годишната ќерка да умре во жежок автомобил, додека тој гледал филмови за возрасни
    • Орце го презема Скопје: Со чистење почнувам од 20:30 вечерва
    • Мицкоски за Извештајот на ЕК: Ако ги направиме уставните измени ќе бидеме најдобри, па потоа ќе добиеме ново вето
    • Николоски: Го потпишавме договорот за изградба на заедничкиот пограничен тунел со Бугарија
    • Герасимовски додели 82 стипендии на најдобрите ученици: Вие сте гордоста на Центар
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24Press24
    Home » Македонија добива „дигитален ‘рбет“: ЕУ отвора антена за Вештачка интелигенција во земјава

    Македонија добива „дигитален ‘рбет“: ЕУ отвора антена за Вештачка интелигенција во земјава

    14.10.2025 во 12:05
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Европската унија го проширува проектот „Фабрички антени за вештачка интелигенција“ (AIFA) и на Западен Балкан, а една од првите антени ќе биде отворена во Македонија.

    Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, го најави потегот во Тирана, нарекувајќи го „дигитален ’рбет“ што ќе ги поврзе компаниите од регионот со европската технолошка инфраструктура.

    „Ќе започнеме со две антени во Северна Македонија и Србија, со што воведуваме брз дигитален ‘рбет низ целиот регион и им овозможуваме на компаниите од сите шест партнери да се поврзат со европските фабрики за вештачка интелигенција“, изјави Фон дер Лајен во своето обраќање на Инвестицискиот форум на ЕУ и Западен Балкан во Тирана. 

    „Тоа значи дека вашите компании ќе имаат пристап до европската инфраструктура за вештачка интелигенција токму тука, во регионот. Со други зборови, компјутерската моќ на Унијата ќе ви биде на располагање. Сакам иднината на вештачката интелигенција да се создава во Европа. И сакам Западен Балкан да биде нејзин составен дел,“ додава таа. 

    Овие фабрики се високо-технолошки центри поврзани со европската суперкомпјутерска мрежа EuroHPC и овозможуваат развој и примена на напредни модели на вештачка интелигенција. Центарот во Македонија ќе нуди техничка поддршка, обуки и партнерства со индустријата, создавајќи нови можности за стартапи, истражувачи и дигитална економија.

    Фон дер Лајен истакна дека ова е „политички и технолошки мост“ меѓу ЕУ и регионот, а Македонија со тоа станува дел од европскиот технолошки екосистем и чекор поблиску до дигиталната иднина. 

    Популарно

    Голема трагедија: Студентка вечерва пронајдена мртва

    05.11.2025 во 21:46

    Делови од Кисела Вода без струја шест часа – еве кои улици се погодени

    06.11.2025 во 09:11

    ДИК ги објави конечните резултати – Орце и официјално победи во Град Скопје

    06.11.2025 во 10:47

    Мицкоски денеска во Петровец – ќе се поставува камен-темелник за изградба на нов културен дом

    06.11.2025 во 09:05
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.