Орце Ѓорѓиевски заедно со уште 32 градоначалници кои беа избрани во вториот круг денеска и официјално можат да кажат дека победиле на изборите бидејќи Државната изборна комисија утрово ги објави конечните резултати во оние општини каде што во рокот кој истече вчера попладне не беа поднесени приговори ниту за текот на гласањето ниту пак за сумирањето на резултатите. Сега, сите овие нови градоначлници треба да си ги земат уверенијата од ДИК по што можат да вршат примопредавања на функциите и официјално да си го почнат мандатот.
Денеска попладне во 14 часот ДИК ќе одржи нова седница на која ќе се разгледуваат вкупно поднесени 16 приговори за изборите за градоначалници. Приговорите се поднесени во 3 општини. Приговори за процесот на сумирање и утврдување на резултатите поднел кандидатот за градоначлник на Брвеница кој ги загуби изборите, Хаќим Рамадани. Тој во приговорот навел сомнежи за пропусти во 8 избирачки места.
ВМРО-ДПМНЕ има поднесено приговори за постапката на утврдување на резултатите во Шуто Оризари на 10 избирачки места а на 3 приговори во истата општина поднел и Сојузот на Ромите. И Стевчо Јакимовски приговара за сумирањето и утврдувањето на резултатите во општина Карпош и тоа на 2 избирачки места. Поднесени се и 3 приговори за процесот на гласање на повторувањето на изборите за советнички листи во Шуто Оризари.
Исто така, 4 општини не избраа градоначлник во првиот круг. За нив ќе се организира ново гласање веројатно до крајот на оваа или на почетокот на наредната година.
- Температурите драстично паѓаат – се очекува 20 цм снег цо соседтството
- Врховниот суд ги укина пресудите за модуларната болница во Тетово, предметот се враќа на повторно судење
- Јаневска ги отфрли обвинувањата за „Стив Наумов“: Студентите престојуваат во современ објект, дефектите ќе се отстранат
- Николовски: Владата го одби амандманот на СДСМ за дополнителни милијарда денари за земјоделците
- Димитриеска Кочоска го презентираше Буџетот за 2027
- Дебар: Три деца начекале незаклучен автомобил со клуч на брава, па го украле
- Утре 7 часа ќе нема струја – најавени исклучувања во повеќе населени места
- Го отрула семејството на ручек – Судот и ја изрече најстрогата казна

