Close Menu
    Најново

    Автобус удри во низок мост, голем број деца се повредени

    03.12.2025 во 16:08

    Возачите се исплашија од системот „Безбеден град“ – Бројот на прекршоци е преполовен

    03.12.2025 во 15:45

    ГП Евзони отворен, но не за долго: Секој момент е можна нова блокада од земјоделците

    03.12.2025 во 15:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • Автобус удри во низок мост, голем број деца се повредени
    • Возачите се исплашија од системот „Безбеден град“ – Бројот на прекршоци е преполовен
    • ГП Евзони отворен, но не за долго: Секој момент е можна нова блокада од земјоделците
    • Петрушевски: Со 84 гласа „за“, без ниту еден против Собранието ја формира Анкетната комисија за утврдување на околностите за трагедијата во Кочани и другите несреќи и трагедии
    • Милошоски: Анкетната комисија има за цел неселективно утврдување на пропустите за сите трагедии и спречување на идни
    • Дечињата од кикбокс клубот Fight Gym M4 со 9 медали на „PHX CUP Germany 2025“
    • Спречен голем шверц на Ново Село: Царината заплени 5.200 штеки цигари во специјален бункер во полуприколка ладилник
    • Герасимовски: 515 ученици евакуирани безбедно во симулација на земјотрес и пожар во училиштето „Јохан Хајнрих Песталоци“
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24Press24
    Home » Македонија добива „дигитален ‘рбет“: ЕУ отвора антена за Вештачка интелигенција во земјава

    Македонија добива „дигитален ‘рбет“: ЕУ отвора антена за Вештачка интелигенција во земјава

    14.10.2025 во 12:05
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Европската унија го проширува проектот „Фабрички антени за вештачка интелигенција“ (AIFA) и на Западен Балкан, а една од првите антени ќе биде отворена во Македонија.

    Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, го најави потегот во Тирана, нарекувајќи го „дигитален ’рбет“ што ќе ги поврзе компаниите од регионот со европската технолошка инфраструктура.

    „Ќе започнеме со две антени во Северна Македонија и Србија, со што воведуваме брз дигитален ‘рбет низ целиот регион и им овозможуваме на компаниите од сите шест партнери да се поврзат со европските фабрики за вештачка интелигенција“, изјави Фон дер Лајен во своето обраќање на Инвестицискиот форум на ЕУ и Западен Балкан во Тирана. 

    „Тоа значи дека вашите компании ќе имаат пристап до европската инфраструктура за вештачка интелигенција токму тука, во регионот. Со други зборови, компјутерската моќ на Унијата ќе ви биде на располагање. Сакам иднината на вештачката интелигенција да се создава во Европа. И сакам Западен Балкан да биде нејзин составен дел,“ додава таа. 

    Овие фабрики се високо-технолошки центри поврзани со европската суперкомпјутерска мрежа EuroHPC и овозможуваат развој и примена на напредни модели на вештачка интелигенција. Центарот во Македонија ќе нуди техничка поддршка, обуки и партнерства со индустријата, создавајќи нови можности за стартапи, истражувачи и дигитална економија.

    Фон дер Лајен истакна дека ова е „политички и технолошки мост“ меѓу ЕУ и регионот, а Македонија со тоа станува дел од европскиот технолошки екосистем и чекор поблиску до дигиталната иднина. 

    Популарно

    Ќе нема струја шест часа – ЕВН најави прекини во неколку општини

    01.12.2025 во 09:11

    Премиерот Мицкоски поради здравствени причини нема да присуствува на македонско-српскиот бизнис форум

    03.12.2025 во 09:11

    Општина Аеродром и пиша 1300 евра казна на фирмата што ја гради полициската станица во Ново Лисиче – со гуми со кал возеле по улиците

    03.12.2025 во 10:53

    Времето денеска сончево со мала до умерена облачност, од утре пресврт

    01.12.2025 во 09:04
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.