Македонија денеска прославува 149 години од раѓањето на големиот македонски револуционер Гоце Делчев

 

Делегации од Владата, политичките партии и дипломатскиот кор денеска положија свежо цвеќе на гробот на Делчев во црквата Свети Спас. Зоран Димитровски во име на Владата беше во црквата Свети Спас.

-Владата на Република Северна Македонија со овој чин им се придружи на настаните со кои му се оддава почит кон делото на големиот револуционер Гоце Делчев,  за неговиот историски придонес во создавањето на македонската државност, велат од Влада.

 

Делегацијата на СДСМ, пак, беше предводена од Марија Георгиева, претседателката на ОО СДСМ Карпош и Алексндар Димитриевиќ, потпретседател на СДСМ.

Делегација на ВМРО-ДПМНЕ предводена од генералниот секретар Ѓорѓи Сајкоски заедно со потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски, претседателката на Унија на жени Жаклина Пешевска денеска положија свежо цвеќе по повод 149 години од раѓањето на македонскиот револуционерен деец и великан Гоце Делчев во црквата Св. Спас во Скопје.

-Оддавањето на почит на ликот и делото на великанот на македонското револуционерно движење Гоце Делчев, еден од најистакнатите водачи и идеолози на Македонската ослободителна борба значи продолжување на нашата заедничка обврска за зачувување на македонската држава, македонската историја и јазикот. ВМРО-ДПМНЕ како во минатото, така и денеска покажува почит и негување на заложбите на македонските херои и останува на браникот на одбрана на татковината, бидејќи за нас токму Гоце Делчев е црвена линија и нашиот идентитет, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

04.02.2021 - 11:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега