Close Menu
Press24
    Најново

    Одлични вести за возачите: Цената на нафтата падна

    15.10.2026 во 10:14

    Нова голема инвестиција во Македонија – Мицкоски најави 2.000 работни места

    15.10.2026 во 10:06

    „Убавата Ива избегала кај татко и криминалец во Бугарија” – Што пишуваат медиумите од регионот за Михаилова

    15.10.2026 во 09:04
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • ВМРО-ДПМНЕ: Најостро реагираме на нечовечките и надвор од здравиот разум навреди на Венко Филипче
    • Апсење на Блаце: Фатен жител на скопско баран по потерници, осуден на 16 години затвор
    • Николоски: Првите електрични еколошки автобуси ќе пристигнат јануари следната година
    • Николоски: Изградбата на автопатите насекаде се одвива со силна динамика, за првпат се градат шест автопати истовремено
    • Николоски: Македонија е лидер во спроведување на реформите од Планот за раст на ЕУ
    • Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ избра нови 59 претседателки на општинските комитети
    • Герасимовски: Постапката за „Барутана“ е законска обврска, одлуките ќе ги носиме внимателно и одговорно
    • Трамп: Егзекуцијата на Нидал Хасан нема да биде емитувана во живо
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Македонија целосно усогласена со ЕУ: Воведен нов транзитен царински систем

    Македонија целосно усогласена со ЕУ: Воведен нов транзитен царински систем

    02.06.2026 во 11:171 Min Read
    Царинската управа - Фејсбук
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Целокупната трговија што транзитира низ земјава од 1 јуни се одвива преку новиот компјутеризиран транзитен систем – Фаза 6, со што државата целосно се усогласува со стандардите што се применуваат во Царинската унија на ЕУ, соопшти Царинската управа.

    Воведувањето на НКТС Фаза 6 е дел од обврските предвидени со Планот за раст, при што Царинската управа ја потврдува својата посветеност на забрзаната интеграција во единствениот пазар на ЕУ.

    Со овој чекор, македонскиот царински транзитен систем е целосно усогласен со системите што ги применуваат околу 80 проценти од земјите членки на Конвенцијата за заеднички транзит, вклучувајќи ги Германија и Грција.

    Системот овозможува поднесување на единствена транзитна декларација, заедно со безбедносни најави, што треба да придонесе за олеснување на трговијата и намалување на ризиците од застои на граничните премини.

    Од Царинската управа посочуваат дека имплементацијата претставува клучен исчекор во модернизацијата на работењето и носи директни придобивки за бизнис-заедницата и економскиот раст.

    „Европа не се освојува со зборови, туку со реформи и резултати. Ние реформите ги спроведуваме, а резултатите се видливи и лесно мерливи“, истакнува директорот на Царинската управа, Бобан Николовски.

    Just In
    Прочитај повеќе

    Николоски: Првите електрични еколошки автобуси ќе пристигнат јануари следната година

    15.10.2026 во 21:30

    Николоски: Изградбата на автопатите насекаде се одвива со силна динамика, за првпат се градат шест автопати истовремено

    15.10.2026 во 21:07
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.