Close Menu
Press24
    Најново

    (ВИДЕО) „Гласовите на живите сè уште се слушаат од урнатините“ – Градоначалникот со микрофон на терен

    25.06.2026 во 11:26

    Вучиќ даде изјава по катастрофалниот земјотрес

    25.06.2026 во 11:14

    Се менуваат правилата за пензионирање за војниците, земјоделците и претприемачите – Промени во регионот

    25.06.2026 во 11:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • (ВИДЕО) „Гласовите на живите сè уште се слушаат од урнатините“ – Градоначалникот со микрофон на терен
    • Вучиќ даде изјава по катастрофалниот земјотрес
    • Се менуваат правилата за пензионирање за војниците, земјоделците и претприемачите – Промени во регионот
    • Жешко уште во осум часот сабајле: Во овие градови утрово беа измерени највисоките температури
    • Стефковски: Почнува изградбата на нови пешачки патеки во Ченто, ветивме дека нема повеќе кал
    • УХМР со детали: Најмногу дожд наврна во Гевгелија, попладне можна е појава на невреме со град
    • Скопјанец уапсен во Крива Паланка: Се претставил како лекар од Италија за да измами повозрасна жена за 35.000 евра
    • (ВИДЕО) „Силно се тресеше“ – Испливаа снимки од силниот земјотрес во Венецуела
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Македонија бележи историски најниско ниво на невработеност, вели премиерот

    Македонија бележи историски најниско ниво на невработеност, вели премиерот

    05.05.2026 во 12:402 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Премиерот Христијан Мицкоски денеска информираше за ефектите од поддршката кон домашните компании, посочувајќи дека економијата бележи позитивни поместувања кои резултираат со зголемување на бројот на вработени. Според неговите податоци, во последната година се отворени над 15.000 нови работни места.

    „Во последните година дена се креирани повеќе од 15.000 нови работни места. И доаѓаме до една состојба којашто во моментот е околу 710.000 вработени и под 90.000 невработени, коишто се пријавени“, изјави Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање.

    Тој направи подетална анализа на структурата на невработеноста, посочувајќи дека реалната бројка на оние кои бараат работа е значително помала ако се земат предвид земјоделците и средношколците кои по закон се водат во работоспособното население.

    „Ако во тие под 90.000 невработени имаме, да речеме околу 30.000 земјоделци. Невработените се водат како работоспособно население од 15 до 65, тоа се две генерации 15 и 16 години, средношколци, а средното образование е задолжително, ќе дојдеме до бројка од отприлика, не повеќе од 35-40.000 невработени, што претставува некаде под 5% од работоспособното население“, објасни премиерот.

    Мицкоски заклучи дека овие параметри се доказ за економскиот напредок и претставуваат рекорд во историјата на државата.

    „И ова е историски најниско ниво, од било кога, од кога постои независна Македонија“, вели премиерот.

    Прочитај повеќе

    Жешко уште во осум часот сабајле: Во овие градови утрово беа измерени највисоките температури

    25.06.2026 во 10:50

    Стефковски: Почнува изградбата на нови пешачки патеки во Ченто, ветивме дека нема повеќе кал

    25.06.2026 во 10:32
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.