Дваесет и седумгодишен македонски државјанин е убиен во пукање во Берлин во раните утрински часови во понеделникот. Нападот се случил околу 2:40 часот во населбата Нојкелн, каде кон младиот маж биле испукани повеќе куршуми.

Полицијата и Итната помош се обиделе да го реанимираат, но тој починал на местото. Според медиумските информации, двајца мажи го следеле пред нападот, а потоа избегале и засега не се уапсени.

Регионални медиуми објавија дека жртвата потекнувала од Радуша, но германската полиција официјално не го соопштила неговиот идентитет. На местото бил извршен увид, биле обезбедени чаури, а за документирање бил користен и 3Д-скенер.

Случајот го истражува берлинската криминалистичка полиција по налог на Обвинителството, а мотивот за убиството засега не е познат.

Exit mobile version