Турска државјанка е лишена од слобода и приведена во полициска станица откако вчера предизвика инцидент и нападна службено лице по судењето во Штип.

Според информациите што ги пренесе ТВ Стар, жената ја нападнала полициската службеничка влечејќи ја за коса и навредувајќи ја. Инцидентот се случил по рочиштето за петмината турски државјани инволвирани во убиство.

На местото на настанот реагирале и припадници на специјалната единица за да го спречат нападот.

Осомничената е мајка на еден од обвинетите во овој случај. Против неа е поведена постапка за нападот врз полицискиот службеник.

Exit mobile version