Магичен напиток кој топи килограми

Мелената пиперка помага при варењето на храната, го забрзува метаболизмот и го стимулира согорувањето на мастите. Капсаицинот - состојка во пиперката, го стимулира нервниот систем да произведува топлина во организмот која поттикнува забрзана потрошувачка на калории. Лимонот содржи соединенија кои го забавуваат таложењето на мастите, а неговата кора содржи поликосанол, соединение кое потпомага при согорувањето на наталожените масти. Јаболковиот оцет, односно неговото редовно консумирање во умерени количини помага при растопувањето на мастите во организмот.

Потребни состојки:

  • 1 лажица јаболков оцет
  • прстофат лута, мелена пиперка
  • сок и кора од еден лимон

Начин на приготвување: Изрендајте ја лимоновата кора и прелијте ја со 240 мл врела вода. По десет минути додадете ги и сокот од лимон, јаболковиот оцет и мелената пиперка. Промешајте пред секоја голтка и пијте го овој напиток пред секој оброк.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

25.09.2020 - 23:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа