Мафијашки грабеж во Куманово, пукано во возило и кражба на пари

Вечерва во Куманово додека сопственик на менувачница се движел со својот Пасат, во него удрил Ренџ ровер со скопски регистарски таблички, во кој имало четири непознати лица, неофицијално од полициски извори објави Centar.mk.

Потоа едно од лицата со пиштол испукало неколку куршуми, додека другите лица одзеле торба со голема количина на пари, а потоа го запалиле и ренџроверот и со друго непознато возило побегнале од настанот.

Пожарникарите го гасат запаленото возило, УПС (Униформирани полициски сили) и ЕУМНА (Единица за увид на место на настан) се на лице место.

Неофицијално нема повредени, пишува Centar.mk.

15.03.2024 - 22:23

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега