Маџунков: Скопските клиники се полни, а оваа Влада не прави ништо

Доктор Никола Маџунков на вечерашната дебата во организација на ВМРО-ДПМНЕ насловена како Политики за рестартирање на рaспаднатиот здравствен систем рече дека има целосно нефункционален здравствен систем на примарно и секундарно здравство и се се препраќа на терциерно, по болниците и главно во Скопје.

„На скопските клиники има 8 пати повеќе специјалистички прегледи во однос на било која општина во државава. Има градови кои имаат болнички капацитети, ама немаат лекари“, посочи Маџунков.

Според него поради нефункционирање на примарно и секундарно ниво во здравството секој пациент прашање е дали може да оди во Скопје по клиниките.

„За тоа се има дополнителни трошоци и кој е тој што може да го издржи тоа финансиски. Скопските клиники се преполни или работат со полн капацитет, другите работа  само со 40 до 50 проценти“, рече Маџунков.

Докторот се осврна на не функционалното примарно здравство.

„Нема кадар, нема матични и семејни лекари, ако ги има се сведуваат  на пишување упати и препраќање на пациентите и тоа главно повторно во Скопје“, посочи Маџунков. 

22.05.2023 - 19:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега