Мачка од Украина преживеала половина час во машина за перење

Според персоналот на ветеринарната клиника во која била донесена по инцидентот, мачката останала во машината за перење 30-ина минути пред сопствениците да ги слушнат нејзините врескања.

Сопствениците објасниле дека мачката обично сака да спие во машината за перење, а бидејќи е сива како и внатрешноста на машината, не ја забележале кога ја вклучиле, пренесе „Спутник“.

Поговорката вели дека мачките имаат девет животи, а тоа го потврди и случајот со мачката во градот Днипро во Украина, која поминала половина час во активирана машина за перење и – преживеала.

27.01.2022 - 22:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега