Претседателството на Демократскиот сојуз на Косово (ДСК) денеска објави дека лидерот на партијата, Лумир Абдиџику, ќе биде кандидат за премиер на Косово на парламентарните избори закажани за 28 декември.

Абдиџику на прес-конференција изјави дека ДСК ќе има самостоен настап на предвремените парламентарни избори.

-Во врска со кандидатот за премиер, иако јас ја отворив темата, дискусијата беше кратка. Претседателството на ДСК сметаше дека, сè додека сум претседател на партијата, ќе ме номинираат за кандидат за премиер. Во овој момент, ги добив овластувањата што ми припаѓаат и како претседател ги потврдив, да ја составам листата, рече тој.

Тој изјави дека се откажал од правото да го одредува редоследот на листата, односно редоследот на кандидатите за заменици.

-Тоа ќе го направи поширока група, за да нема незадоволство кој е напред, а кој зад него. Разговаравме и за соработка на националните избори. Претседателството денес одлучи ДСК самостојно да учествува на изборите на 28 декември, рече Абдиџику.

Еден дел од листата, рече тој, ќе биде отворен за другите партии, вклучувајќи го и Фатмир Љимаја од Социјалдемократската партија (НИСМА).

-ДСК ќе се погрижи да отвори дел од својата листа за други партии, вклучувајќи го и Лимај и неговите пратеници. Дискусии за ова прашање ќе се водат во наредните денови, но да речеме дека постои подготвеност. Исто како што постои подготвеност и за други партии како што се Демохристијаните, Партијата на правдата, Алијансата за Ново Косово на Пацоли, додаде Абдиџику.

ДСК е првата партија во Косово што одлучува за кандидат за премиер на претстојните избори.

Се очекува лидерите на партиите Албин Курти од Самоопределување, Бедри Хамза од Демократската партија на Косово и Рамуш Харадинај од Алијансата за иднината на Косово да бидат кандидати за премиер на Косово на парламентарните избори на 28 декември.

Exit mobile version