Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Доаѓа силен Ел Нињо – какво време нè очекува во текот на зимата

    18.09.2026 во 23:32

    Делчево: Се чуделе како возел кога виделе колку е пијан

    18.09.2026 во 12:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Спомен на чудата на Свети Архангел Михаил
    • САД и Данска постигнаа договор за Гренланд: Вашингтон добива трајно воено присуство, суверенитетот останува во Копенхаген
    • И „Анима Мунди“ бара истрага за случајот со дивокозите
    • ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата
    • СДСМ до премиерот: Живееш во бајка
    • СДСМ Центар возвраќа: Големи политички амбиции, а не ги знаат ни основните надлежности
    • 11 возачи завршија во станица: Возеле безобѕирно, а некои немале ни дозвола
    • Митева за МИА од Атина: Силата на жените е во нивното учество, одговорност и можност да носат одлуки
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Лукровски: Во Карпош ќе има каде да се паркираме

    Лукровски: Во Карпош ќе има каде да се паркираме

    08.10.2025 во 21:354 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Сотир Лукровски, кандидат за градоначалник на општина Карпош од ВМРО-ДПМНЕ за локалните избори закажани на 19 октомври годинава, се обрати од денешниот народен митинг во општина Карпош, во рамки на изборната кампања 2025 година со слоган ,,Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!

    ,,Вечерва не ви се обраќам како политичар  туку како човек. Како татко, сопруг, пријател, кој исто како сите вие, го живее секојдневието на Карпош. И тогаш си велам доста е. Ваквиот Карпош не е нашиот Карпош. Карпош заслужува повеќе. Заслужува ред, чистина, зеленило, безбедност и гордост“, рече Лукровски.

    Лукровски истакна дека Карпош ќе стане уредена и зелена општина, со нови паркинзи, катни гаражи, реновирани паркови и спортски зони и ќе се решаваат проблемите со дивата урбанизација, а ќе се реновираат градинките и училиштата. Како што вели тој, со новото јавно претпријатие и редари, ќе се воведе ред и безбедност, а  Карпош ќе биде место за култура, спорт и заедништво, со нови патеки, настани и активни маала.

    ,,Во Карпош ќе има каде да се паркираме. Ќе изградиме нови паркинг места и катни гаражи со соларни панели. Ќе ставиме ред во сообраќајот. Ќе воведеме еднонасочни улици, јасна сигнализација и вистинска безбедност за сите. Ќе ставиме крај на дивата урбанизација. Доста е со мафијашки зделки и бетонски пустини. Јас нема да бидам ничиј партнер во инвестициите. Ќе формираме јавно претпријатие „Карпош План“, со кое ќе воведеме ред во урбанизмот и  ќе ги решиме илјадниците легализации,  транспарентно и чесно, заедно со вас сите, граѓаните“, кажа Лукровски и додаде:

     ,,Карпош мора да  биде зелен, чист и уреден. Постоечките паркови да ги  блеснеме, ќе се гордееме со новиот парк 1020, ќе спортуваме и ќе се рекреираме во новата рекреативна зона Карпош хајкинг делта, тротоарите мора да бидат безбедни, клупите ќе ги обновиме, улиците да ни светнат.  Ќе создадеме подобри услови за најмладите. Ќе отвориме нови места во градинките, ќе ги реновираме училиштата и воведеме редари во и надвор од нив , ќе воведеме униформи со печат на општината, симбол на нашето заедништво и на нашата гордост. Карпош ќе живее со спорт и култура. Ќе поддржиме спортски клубови, ќе изградиме нови патеки, сали и забавен парк со картинг. Нашите маала ќе оживеат со концерти, улични настани и уметност на секој ќоше“.

    Лукровски кажа дека општината ќе биде отворена за граѓаните, без затворени врати и политика за поединци и дека тој секој ден ќе биде на терен, во контакт со народот, со поддршка за пензионерите, лицата со попреченост и сите карпошанци.

    ,,Ќе ја вратиме општината во рацете на граѓаните. Нема повеќе затворени врати. Нема повеќе политика на поединци. Секој ден ќе сум еден од вас, секој ден ќе сум на терен меѓу вас, меѓу луѓето, меѓу народот, меѓу граѓаните на општина Карпош. Ќе дадам поддршка и за пензионерите, за лицата со попреченост, за секој карпошанец. Ќе ги обновиме фасадите, лифтовите, јавните простори“, вели Лукровски.

    Лукровски нагласува дека локалната самоуправа нема да биде сама во реализирањето на плановите за развој на Карпош, а со поддршка од централната власт ќе се реализираат големи инвестиции и капитални проекти, со цел да се создаде Карпош кој ќе одговори на современите стандарди за живеење.

    ,,И што е најважно од се, локалната самоуправа нема да биде сама во реализацијата на мисијата и визијата за развојно ориентиран Карпош, каков што му доликува на современиот тренд на живеење.   За сите капитални проекти ќе ја имаме поддршката од централната власт, во која го имаме моторот на обновата на Македонија, нашиот карпошанец, претседателот на Владата, проф. Д-р Христијан Мицкоски.  Заеднички ќе реализираме големи и значајни инвестиции и капитални проекти во нашата општина“, заклучи Лукровски.

    Прочитај повеќе

    И „Анима Мунди“ бара истрага за случајот со дивокозите

    19.09.2026 во 15:29

    ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата

    19.09.2026 во 15:10
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.