Close Menu
    Најново

    (ФОТО) Скандал во Турција: Уапсена позната актерка од серијата „Сулејман Величествениот“

    26.12.2025 во 17:44

    (ВИДЕО) Марија Шерифовиќ ја касна мајмун

    26.12.2025 во 17:31

    Турција ја зголеми минималната плата

    26.12.2025 во 17:17
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • (ФОТО) Скандал во Турција: Уапсена позната актерка од серијата „Сулејман Величествениот“
    • (ВИДЕО) Марија Шерифовиќ ја касна мајмун
    • Турција ја зголеми минималната плата
    • (ВИДЕО) Хаос во Италија: Падна три метри снег
    • ЕУ подготвува строги правила: Годишни технички прегледи и построги еко-тестови за возила постари од 10 години
    • (ФОТО) Снежна бура предизвикува сериозни проблеми во Словенија: Половина метар снег и два дена темнина
    • Министерство за здравство: Реанимацијата на починатото новороденче била според протоколите
    • Герасимовски: Воведуваме „центарска“ картичка, граѓаните ќе добиваат попусти на одредени производи и услуги
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24Press24
    Home » Лукровски: Не сакав да шириме паника за Димо Хаџи Димов

    Лукровски: Не сакав да шириме паника за Димо Хаџи Димов

    02.12.2025 во 17:21
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Советот на Општина Карпош заседаваше по четврти пат, при што советниците расправаа и полноправно одлучуваа по 10 точки кои се најдоа на денешниот дневен ред. На самиот почеток од седницата, градоначалникот Сотир Лукровски ги информираше советниците во врска со случајот со труење на основците од „Димо Хаџи Димов“.

    – „По оваа несакана случка, Општина Карпош веднаш презеде серија итни и координирани мерки, за заштита на здравјето и безбедноста на учениците и персоналот во училиштето. Во таа насока, претставници од Општина Карпош од самиот почеток се во постојана комуникација со надлежните институции, поточно со Агенцијата за храна и ветеринарство, Државниот санитарен и здравствен инспекторат, Институтот за јавно здравје и Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје“ – посочи Лукровски.

    Првиот човек на Општината наведе дека надлежните институции во врска со овој случај реагираа веднаш, земајќи примероци од храната, водата и работните површини во училиштето. – „Паралелно со случувањата, Општината обезбеди услови за спроведување на сите превентивни, редовни и вонредни мерки во училиштето, при што на 28 ноември беше спроведена вонредна дезинфекција на целиот училишен објект“ – информираше Лукровски.

    Инаку, во текот на минатата недела, Институтот за јавно здравје ја информираше јавноста дека причина за труењето се грам-негативни бактерии од групата Enterobacteriaceae (ЕНТЕРОБАКТЕРИИ), пронајдени во мусаката што ја консумирале децата. Исто така, откриено е присуство на фекални бактерии на три чешми во училиштето. Во исто време, ЈП „Водовод и канализација“ изврши вонредни проверки и земање примероци од училница и кујна. Според нивните резултати, водата во училиштето е санитарно исправна и е во согласност со сите барањата од правилникот за безбедност и квалитет.

    – „Сакам да ве информирам дека случајот внимателно и посветено го следиме од самиот почеток. Целта ни беше да не шириме паника и да не оставаме простор за ширење на дезинформации и шпекулации, па од тие причини чекаме да добиеме официјални информации од анализите. По добивање на целосниот извештај од надлежните институции кои ги спроведуваат анализите, Општина Карпош ќе ги преземе сите потребни мерки и чекори во рамки на нашата надлежност. Ве уверувам дека безбедноста на децата и нивното здравје се наш апсолутен приоритет и токму поради тоа во иднина ќе продолжиме со засилени хигиенски мерки, инспекциски надзори и унапредување на стандардите во сите основни училишта во Карпош“ – образложи градоначалникот Сотир Лукровски.

    Во продолжение на седницата, советниците од Карпош едногласно ја поддржаа Одлуката за продолжување на суспензијата на одредени делови од Деталниот урбанистички план за Градска четврт З 08. Станува збор за градежните парцели 1.39, 1.48, 1.49, 1.53 и 2.1 од гореспоменатиот ДУП, кои се наоѓаат на потегот меѓу бул. Илинден, ул. Франклин Рузвелт, бул. Партизански Одреди и бул. 8-ми Септември. На овој начин всушност продолжува времетраењето на суспензијата, но не подолго од шест месеци од денот на стапување на сила на оваа Одлука. Во случајов, продолжувањето на суспензијата се врши бидејќи не е завршена постапката за изменување и дополнување на Деталниот урбанистички план за Градска четврт З 08. Како што е прецизирано во Член 4, оваа Одлука престанува да важи по истекот на шест месеци од денот кога започнала да се применува, освен ако претходно не биде донесен изменетиот и дополнетиот Детален урбанистички план. Советниците од Карпош постигнаа консензус околу Предлог – Решенијата за именување, поточно за верификација на членови од Советот за формирање на Комисите за доделување на еднократна парична помош и за доделување на финансиска поддршка на проекти од областа на детска, социјална и здравствена заштита за 2025 година. Со истата динамика беше изгласано Предлог – Решението за именување и верификација на членови на општинскиот Совет, во Комисијатаод областа на образованието за 2025 година. Советот даде „зелено светло“ и за двете Предлог – Одлуки со кои основните училишта „Владо Тасевски“ и „Војдан Чернодрински“ ќе прифатат движни ствари на трајно користење без надомест, кои им ги доделува Министерството за образование и наука. Имено, двете основни училишта од Карпош ќе добијат на користење интернет поставки (инсталации), кои ќе бидат искористени за нивните потреби. Со одлука на Советот, поддршка доби и Одлуката за прифаќање донација од Трговско друштво за проектирање, инженеринг и консалтинг ПРИМА ИНЖЕНЕРИНГ ДООЕЛ – Скопје. Донацијата е во вид на изработка на Елаборат за отстранување на постојна градба – (Детската градинка „Пролет 2“ во населбата Козле), а висината на донацијата изнесува 30.000 денари. Советниците ја поништија Одлуката за давање согласност за учество на Општина Карпош во проектот „Oпштините како двигатели за одржливиот развој“ на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП). Поддршка од советниците доби и дополнителната точка, односно Предлог – Одлуката со која основното училиште „Димо Хаџи Димов“ ја прифаќа донацијата од Владата, поточно од Министерството за животна средина и просторно планирање. Станува збор за донација во вид на прибор за тестирање по природни науки, кој ќе биде ставен на располагање за потребите на учениците и наставниот кадар од оваа училишна установа.

    Популарно

    Фондот на ПИОМ со одлука за зголемување на средствата за исплата на посмртнина

    25.12.2025 во 22:46

    ВИДЕО: Отпуштените службеници од ДУИ си послале кревет во канцеларија во министерството

    25.12.2025 во 22:21

    Матични гинеколози наплаќале за ПАП-тест, ЕХО и други услуги што ги покрива Фондот, а некои не издавале ниту фискални сметки

    26.12.2025 во 13:36

    Мицкоски кон ДУИ: Вие донесовте одлука за бришење на балансерот, должите извинување на Албанците

    25.12.2025 во 12:27
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.