Лондон: Мајка си ги задавила синовите, па си пресудила

 

Стравично злосторство се случи во јужен Лондон кога мајка си ги убила двата малолетни сина, а потоа се самоубила.

Се претпоставува дека шефицата на една компанија за недвижности Надја Де Јагер (47) ги задавила или ги задушила своите синови Александар (9) и Максимус (7), а потоа се самоубила.

Нивните тела беа откриени во нивниот дом во јужен Лондон во четвртокот наутро, откако полицијата одговорила на повик. Нејзините синови биле прогласени за мртви на лице место, пишува Сан.

Детективите велат дека не бараат никој друг како осомничен во врска со страшното злосторство.

Не било употребено оружје, а ќе биде извршена обдукција за да се утврдат точните причини за смртта на децата.

Надлежниот инспектор Оли Страјд изјави за медиумите дека ова е страшно тажен случај и дека полицијата продолжува да ги утврдува околностите што довеле до овој трагичен инцидент.

Соседите велат дека Надја пред извесно време се развела од таткото на децата, Херман Де Јагер.

11.03.2023 - 12:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега