Лога за Дескоска: Може да дава изјави само како професорка, како министер е лош пример
Различните ставови на актуелниот министер за правда, Кренар Лога и ексминистерката за правда, Рената Дескоска за вметнување на графата за националност – доведе до јавен конфликт. Лога ја претстави неговата претходничка како лош пример за министер, кога беше прашан за Упатството, кое има времена забрана за примена во пракса, од Уставен суд.
„Дескоска може да дава изјави како професорка, како министер е лош пример бидејќи таа сама се назначуваше преку Владата како член на Венециската комисија иако во тој момент беше и потпретседател на партијата. Професорката по уставно право тоа не го дозволувала, не прифаќала“.
Додава дека таа немала храброст во одредени ситуации.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа