Close Menu
Press24
    Најново

    Љутков: Спомен-домот на Разловечкото востание се подготвува за големиот јубилеј

    30.03.2026 во 13:04

    Филипче за Мицкоски: Подготвен е да жртвува децении од вашите животи за личен бизнис и изолација

    30.03.2026 во 12:57

    Подгответе се за гужви низ Скопје: Милатовиќ доаѓа во дводневна посета на Македонија

    30.03.2026 во 12:46
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Љутков: Спомен-домот на Разловечкото востание се подготвува за големиот јубилеј
    • Филипче за Мицкоски: Подготвен е да жртвува децении од вашите животи за личен бизнис и изолација
    • Подгответе се за гужви низ Скопје: Милатовиќ доаѓа во дводневна посета на Македонија
    • АХВ во акција пред Велигден: Инспекторите ги чешлаат маркетите и пазарите – се проверува сè, од јајца до месо
    • „Сè нека земе, и стан и сè, само ќерката нека ми ја остави“: Потресно сведочење на мајката на Ивана – со години криела модринки и живеела во страв за детето
    • Ужас во судницата: Обвинетиот за смртта на Ивана и 6-годишната ќерка се смеел додека обвинителката ги читала деталите
    • Подгответе се за невреме: Силен циклон носи обилен дожд и снег
    • Трамп ги подготви силите за удар: Над 50.000 американски војници го опколија Иран – маринците чекаат наредба за Харг
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Љутков: Спомен-домот на Разловечкото востание се подготвува за големиот јубилеј

    Љутков: Спомен-домот на Разловечкото востание се подготвува за големиот јубилеј

    30.03.2026 во 13:042 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Министерот за култура и туризам Зоран Љутков денеска беше во посета на Разловци, каде што заедно со стручната екипа од Националниот конзерваторски центар изврши увид во активностите за непосредна заштита на Спомен-домот на Разловечкото востание, еден од најзначајните симболи на отпорот на македонскиот народ за слобода.

    „Денеска сум во Разловци, каде што заедно со стручната екипа од Националниот конзерваторски центар извршивме увид во конзерваторско-реставраторските работи за непосредна заштита на еден од најзначајните симболи на отпорот на македонскиот народ за слобода, Спомен-домот на Разловечкото востание. Оваа година, на 20 мај, одбележуваме 150 години од Разловечкото востание, јубилеј кој нѐ обврзува со уште поголема посветеност да го зачуваме и достоинствено да го претставиме нашето културно-историско наследство“, рече Љутков.

    Во рамките на целосната обнова на Спомен-домот, кој со години беше оставен на забот на времето, се изврши ревидирање на постојниот Основен проект за конзервација и реставрација, негово прогласување за културно наследство, како и непосредна заштита, која е во завршна фаза. Паралелно се работи и на поставување нова музејска поставка која на автентичен и едукативен начин ќе ја раскаже приказната за востанието, за храброста, жртвата и значењето на македонскиот отпор. Вкупната вредност на проектот изнесува околу 21 милион денари.

    Изведувач на работите е „Изградба комерц“, а Министерството за култура и туризам внимателно го следи процесот со цел да се обезбеди квалитетна и навремена реализација.

    Целта на проектот е овој простор повторно да стане живо сведоштво за историјата и место кое ќе ги инспирира идните генерации.

    Популарно

    Љутков: Спомен-домот на Разловечкото востание се подготвува за големиот јубилеј

    30.03.2026 во 13:04

    Филипче за Мицкоски: Подготвен е да жртвува децении од вашите животи за личен бизнис и изолација

    30.03.2026 во 12:57

    Подгответе се за гужви низ Скопје: Милатовиќ доаѓа во дводневна посета на Македонија

    30.03.2026 во 12:46

    АХВ во акција пред Велигден: Инспекторите ги чешлаат маркетите и пазарите – се проверува сè, од јајца до месо

    30.03.2026 во 12:41
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.