Лисиче: Се степале со најдобриот македонски кик боксер - тројца пратил во болница

 

Вчеравечерта била нападната куќата на најдобриот македонски кикбоксер Бобан Илиоски, јави “Скопје1”. Ова според првичните пријави во МВР се случило откако Илиоски имал физичка пресметка со лицата коо потоа натепале член на неговото семејство.

Се започнало околу 22.20 часот, а во полиција било пријавено дека на подрачјето на општина Аеродром, по претходна расправија, Илиоски и уште едно лице физички го нападнале Е.Л.(28) од Скопје.

“Според пријавеното, после тоа Е.Л. со поголема група на луѓе отишле пред домот на Б.И. и фрлале тврди предмети кон него и неговото семејство. Притоа, со повреди се здобиле В.И., Д.Н. и Е.Л., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ и Градската општа болница „Св. Наум Охридски“”, велат од МВР за “Скопје1”.

Увид бил извршен и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

03.09.2024 - 11:27

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега