„Да има повеќе раѓања отколку заминувања, повеќе насмевки отколку несигурност“. Ова е желбата на министерот за социјална политика, млади и демографија, Фатмир Лимани, искажана во неговото новогодишно обраќање.

Министерот најави дека 2026 година ќе биде година на силен ангажман за задржување на младите во земјата.

„Семејството останува столб на нашето општество, а демографијата – огледало на колективната надеж. Инвестиравме во младите затоа што тие се енергијата и носителите на иднината. Ќе градиме политики што ја враќаат вербата дека иднината може и мора да се гради тука“, рече Лимани.

Тој повика на изградба на општество кое им дава „крилја на младите“, но истовремено се грижи за најмладите и најслабите.

Exit mobile version