Министер за Социјална Политика, Демографија и Млади, Фатми Лимани упати порака по вториот круг од локалните избори, повикувајќи на обединување, мир и соработка меѓу сите етнички заедници. Тој предупреди дека триумфализмот може да доведе до подлабоки поделби во веќе „испразнетиот и разрушен“ град.
Во својата порака, Лимани апелира до победникот во вториот круг да се воздржи од триумфализам, нагласувајќи дека општината и нејзиното население имаат потреба од обединување за да се надминат траумите од минатото.
„Моментот е да разбереме дека триумфализмот води кон уште подлабоки поделби во меѓуетничките односи нешто што му е непотребно на градот, кој веќе е речиси без надеж, испразнет и разрушен.
На градот, општината, населените места и населението им е потребно обединување, за да се третираат и излечат траумите предизвикани низ годините од злосторниците, кои денес им припаѓаат на горчливото минато.
Ни треба развој, помирување, мир и движење во вистинската насока на евроинтеграциите.
Им упатувам повик и на моите сонародници: не ја наведнувајте главата, затоа што никој не е вишок во оваа земја.
Дојде време за нов сојуз, меѓу сите етнички заедници и народи.
Гледајќи само напред, кон иднината на децата, на нашата општина ѝ се потребни соработка и обединување!
Дијалог во рамки на општината, дијалог на републичко ниво; за да кажеме доста на јазикот на поделбите и да му отвориме пат на јазикот на развојот и европската интеграција!
Акторот, резултатот и победата ќе му припаѓаа на друг доколку се извинувавте, го повлековте кандидатот од првиот круг и искрено го поддржувавте следбеникот…
Кампањата заврши, воздржете се од навредливи зборови, бидејќи деновите на големото чудо ќе завршат“, стои во Фејсбук објавата на Лимани.

