Попладневната полициска операција која се спроведува низ целата држава почна да ги вади на површина првите детали. Според неофицијални информации кои ги пренесе Нетпресс, во досегашниот тек на акцијата се лишени од слобода над 10 лица, сите осомничени за организирано затајување данок и даночна измама од огромни размери.

Дел од осомничените се вработени во Управата за јавни приходи (УЈП), кои наводно ја злоупотребиле службената положба за да овозможат нелегални поврат на ДДВ и други даночни малверзации.

Од ОЈО ГОКК соопштија дека истражителите, со асистенција на МВР, продолжуваат со претреси на повеќе локации. Акцијата е резултат на долготрајна истрага за финансиски криминал и перење пари.

Exit mobile version