Македонската водителка Лила Филиповска се огласи на Инстаграм по вознемирувачкото видео кое ја потресе македонската јавноста, на кое се гледа врсничко насилство снимено во скопската населба Аеродром.

-„Видеа со насилство и изживување не можам да гледам, просто немам желудник за тоа.

Ама еве прочитав што се случило во Аеродром и по којзнае кој пат сум во шок и неверување!!! Зошто, како, до кога ?!

Се прашувам и сакам да знам кои се тие млади луѓе насилници, од какви семејства доаѓаат, знаат ли родителите кого чуваат дома, какви психички проблеми имаат (оти никој нормален не би малтретирал некого)? Кој треба да ти е поривот да се собереш во група и да малтретираш некој кој што е сам, а притоа е девојче!

А посебен круг во пеколот за оние што снимаат! Снимаат малтретирање. Па вие не сте деца, вие сте монструми!

Засрамете се, која иднина ќе ја градиме со насилници како вас?! Мене моите ме учеа дека најважното во животот е да бидеме љубезни, да помагаме да донираме, ама вие изгледа до таа лекција не сте стигнале!

Од кога стана „кул“ млади луѓе, особено девојки да бидат насилнички, од кога?!

Млади, убави, дотерани наместо да бидете дами со манири вие изигравате арамбаши. А машките… срам да ви е!

Нели треба да ги заштитувате послабите од вас… вие не сте мажи, вие сте женски петлиња.

Искрено немам зборови. Се надевам дека ќе бидете соодветно процесуирани од институциите зошто вакви случки не смеат да се повторат.

Жалам за девојчето кое ќе мора да ја носи оваа траума, а на нејзините родители посакувам да имаат сила и трпение да го надминат ова.

Добрината и љубезноста никогаш не излегуваат од мода!“, напиша водителката.

Видео-снимката на која малолетници тепаат малолетно девојче кое е клекнато на колена, предизвика низа бурни реакции. „Ќутете да слушнеме како ќе пука“, се слуша на снимката, која ја изреволтира Македонија.

Засега нема официјални информации дали случајот е пријавен во Министерството за внатрешни работи.

Се очекува соодветна реакција од надлежните институции и социјалните служби во однос на откривање на идентитетот на инволвираните лица.

Exit mobile version