УХМР ги измери температурите во 11 часот во градовите низ Македонија. На Попова Шапка има најниска темперсатура од 15 степени, додека Гевгелија е најтопол град со 29 степени.
Во Скопје се измерени 23 степени во 11 часот.
За денеска, според прогнозата, на повеќе места се очекуваат интензивни врнежи, при што локално може да наврнат повеќе од 15 литри дожд на квадратен метар. Невремето ќе биде проследено со силни грмежи, ветер што повремено ќе надминува 60 километри на час, а можно е и појава на град.
Утринските температури ќе се движат меѓу 11 и 19 степени, додека дневните ќе достигнат од 27 до 35 степени.
И во Скопје се најавува нестабилно време со променлива облачност, повремен дожд, грмежи и засилен ветер. Во одделни делови од котлината постои можност за краткотрајно невреме со пообилни врнежи и град. Температурата ќе се движи од минимални 17 до максимални 32 степени.


