Close Menu
Press24
    Најново

    Инцидент на кошаркарски натпревар во „Јане Сандански“: Се обидел физички да го нападне делегатот

    04.05.2026 во 13:57

    Скопјанка затекнала жена со повредено новороденче пред својот дом: Полицијата ја уапси мајката

    04.05.2026 во 13:54

    Двајца патници тешко повредени во автобус во Свети Николе

    04.05.2026 во 13:51
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Инцидент на кошаркарски натпревар во „Јане Сандански“: Се обидел физички да го нападне делегатот
    • Скопјанка затекнала жена со повредено новороденче пред својот дом: Полицијата ја уапси мајката
    • Двајца патници тешко повредени во автобус во Свети Николе
    • „Сопругот ме силуваше“ – кумановец кривично ќе се гони
    • Кривични пријави за четири малолетнички по насилството врз девојче во Ѓорче Петров, ќе одговараат и родителите
    • Избувна голем пожар во Визбегово: Горат автомобили, противпожарните екипи на терен
    • Осум дена притвор за член од обезбедувањето на Мицкоски, ја натепал сопругата
    • Филипче: Гоце Делчев би се срамел од Мицкоски 
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Лидл Северна Македонија прогласен за лидер во безбедноста при работа во домашниот услужен сектор

    Лидл Северна Македонија прогласен за лидер во безбедноста при работа во домашниот услужен сектор

    28.04.2026 во 13:233 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Лидл Северна Македонија го освои првото место за најдобар правен субјект во областа на безбедност и здравје при работа за 2025 година. Компанијата е добитник на наградата во категоријата Услужни дејности, која ги опфаќа финансиските, информативните, транспортните, трговските, сервисните и други услуги, како признание за системските инвестиции и високите стандарди што ги применува во грижата за своите вработени.

    Признанието се доделува по повод 28 април, Светскиот ден за безбедност и здравје при работа, на настан организиран од релевантни домашни здруженија и институции од оваа област, каде беа наградени компании кои во текот на 2025 година, преку инвестиции и имплементација на добри практики во сопствениот развој, реално и стручно придонеле за создавање безбедни и здрави работни места.

    Наградата за Лидл Северна Македонија се однесува на проектот „Безбедна работа на градилиште“ при изградбата на логистичкиот центар на компанијата, кој се протега на површина од 67.000 метри квадратни. Во реализацијата на овој комплексен проект биле ангажирани 75 домашни компании – подизведувачи, кои работејќи според строгите безбедносни стандарди и процедури на Lidl, придонеле за постигнување исклучителен резултат. Во текот на изградбата не е регистрирана ниту една повреда при работа или друг безбедносен инцидент. Ова е директен резултат на системскиот пристап, континуираната едукација, строгата контрола и доследното почитување на сите протоколи за безбедност и здравје при работа.

    Наградата во име на Лидл Северна Македонија ја прими раководителката за безбедност и заштита при работа, Надица Фотев.

    „Ова признание претставува потврда за континуираната посветеност на Lidl кон создавање безбедна и здрава работна средина. Компанијата континуирано инвестира во превенција, едукација, унапредување на работните услови и развој на култура на безбедност, со што обезбедува високи стандарди во секој сегмент од работењето. Ние во Lidl, безбедното работно опкружување не го гледаме само како обврска, туку како суштинска вредност и одговорност кон нашите вработени, нашите подизведувачи и партнери, како и кон животната средина. Ќе продолжиме да инвестираме во современи решенија, едукација и практики кои придонесуваат за долгорочна благосостојба и сигурност на секој член од нашиот тим“, изјави Фотев.

    Годинешното одбележување на Светскиот ден за безбедност и здравје при работа, предводено од Меѓународната организација на трудот, е посветено на создавање здрави психосоцијални работни средини, со фокус на менталното здравје, благосостојбата и одржливите работни практики.

    Во овој контекст, процесите, процедурите и политиките за здравје и безбедност на Лидл Северна Македонија имаат за цел да создадат култура на безбедност која оди подалеку од законските барања. Како дел од својата долгорочна стратегија, Lidl останува посветен на примена на највисоки стандарди за безбедност и здравје при работа, придонесувајќи не само за благосостојбата на своите вработени, туку и за развој на одговорни и одржливи деловни практики во пошироката заедница.

    Прочитај повеќе

    Инцидент на кошаркарски натпревар во „Јане Сандански“: Се обидел физички да го нападне делегатот

    04.05.2026 во 13:57

    Скопјанка затекнала жена со повредено новороденче пред својот дом: Полицијата ја уапси мајката

    04.05.2026 во 13:54
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.