Close Menu
    Најново

    Левицата бара укинување на РКЕ

    12.01.2026 во 13:57

    Сали оствари средба со Рокас: Владата е посветена кон европската интеграција

    12.01.2026 во 13:53

    Општина Карпош: Ја следиме состојбата со зголемениот број на кучиња – бараме решение

    12.01.2026 во 13:47
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • Левицата бара укинување на РКЕ
    • Сали оствари средба со Рокас: Владата е посветена кон европската интеграција
    • Општина Карпош: Ја следиме состојбата со зголемениот број на кучиња – бараме решение
    • Кичевчани се уште се во спортската сала: Не можат да се вратат во домовите по обилните дождови
    • Избран трет мобилен оператор: Oне Македонија Телекомуникации на унгарски Фор-ај-џи е најповолен понудувач
    • Анима Мунди: Најдовме кучиња од Албанија во Скопје – нелегално се транспортираат и напуштаат животните
    • Гаши: Координаторите на пратеничките групи да се усогласат околу Народниот правобранител за да најдеме решение
    • Му пратиле пакет со 220 таблети за во затвор: Полицијата го фатила на дело – останал без своите уреди
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24Press24
    Home » Левицата бара укинување на РКЕ

    Левицата бара укинување на РКЕ

    12.01.2026 во 13:57
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    „Левица предлага укинување на Регулаторна комисија за енергетика и префрлување на нејзините ингеренции на Министерството за енергетика“ истакана Амар Мециновиќ, пратеник и потпарол на Левица на денешната прес-конференција, оценувајќи дека постојниот модел ја продлабочува енергетската сиромаштија и овозможува прелевање на јавни пари во приватни џебови.

    „Во период кога струјата постојано поскапува станува сѐ појасно дека нашата  енергетска сиромаштија ги окупира животите на нашите граѓани. Потребно е веднаш да се реагира во законската материја. Енергетиката не е технократска играчка туку е основа за нормален и квалитетен живот. Тоа е јавен интерес од највисок ред“, порача Мециновиќ.

    Од Левица посочуваат дека илјадници семејства живеат во енергетска сиромаштија додека цените на струјата растат, јавните претпријатија тонат во долгови, а приватните електродистрибутери остваруваат континуирани профити.

    „Овој систем не е случаен туку е резултат на континуирани избори скриени зад маската на независноста на РКЕ. Така нареченото независно тело РКЕ со години функционира како штит за интересите на ЕВН и на сите други приватни електродистрибутери, а не како заштитник на граѓаните“, рече Мециновиќ и додаде дека „невидливото политичко влијание е најопасното за граѓаните“.

    Како клучен елемент за укинувањена РКЕ Левида ја наведе потребата од јасна политичка одговорност. Предлагаме укинување на РКЕ, за да постои политичка одговорност. За да може да се повикаат на политичка одговорност нашите премиери, нашите министри, кога сметките растат вртоглаво“, беше нагласено на прес-конференцијата.

    Исто така од партијата посочија дека ЕСМ континуирано работи со загуби, додека ЕВН остварува вртоглави профити, што според нив е директан последица на одлуките на Регулаторната комисија. „Јавниот интерес се уништува, струјата постојано поскапува затоа што ова не е слободен пазар туку систем за прелевање на јавни пари во приватни џебови. Јавните претпријатија беа втурнати на слободен пазар со одлука на РКЕ и наместо стабилност добивме хаос во кој приватните профитираат, а јавните се ослабени и тонат во долгови“.

    Како пример за спорни одлуки ја посочија улогата на РКЕ во изборот на ЕВН Хоум за универзален снабдувач, дозволувањетопаушални фактури без отчитување на броилата како и воведувањето скалесто тарифирање.

    „Скалестото тарифирање е социјално праведно само ако има сто отсто отчитување на броилата. Се друго е казнување на сиромашните“, рече Мециновиќ додавајќи дека долгот на ЕСМ надминува над 200 милиони евра.

    Посебно беше нагласена и мрежарината од 200 денари за сите 600 000 домаќинства. „Преку ова на месечно ниво ЕВН добива 2,1 милион евра, кои на годишно ниво се претвараат во 25 милиони евра. За осум години, доколу никој во Македонија не запали сијалица, ЕВН ќе оствари добивка од 200 милиони евра, колку им требаше ЕВН да го купат од нас“, посочи Мециновиќ.

    Како илустрација за судирот на интереси, од партијата го посочија примерот со поранешниот претседател на РКЕ, Димитар Попов. „Тој претходно беше член на ВМРО – ДПМНЕ како што Бислимоски беше член на СДСМ. Пред изборот за претседател, Димитар Попов беше раководител на ХЕЦ во Ѓорче Петров во ЕВН. По завршување на мандатот, откако искористи една ипол година апанажа и повторно беше вработен во ЕВН на менаџерска позиција. Прашањето е очигледно: За кого работел претседателот на РКЕ помеѓу неговиот ангажман во ЕВН? За кого работи денеска Бислимовски?“, праша Мециновиќ.

    На крајот од прес конференцијата Левица информираше дека ќе присуствува на најавената лидерската средба.

    „Како парламентарна партија која година ипол се обидува да воспостави комуникација со парламентарното мнозинство преку предлагање на закони, преку консензус за некои државни прашања, сметаме дека сега е времето да влеземе во конструктивен дијалог. За нас е најбитно да се создаде демократска атмосфера за време на изборите и нашите барања ќе одат во таа насока“, истакна Мециновиќ.

    Популарно

    Македонија мрзне: Утрово измерени -16 степени

    12.01.2026 во 09:37

    Ова се победниците на вчерашните повторени избори во четири општини

    12.01.2026 во 09:05

    Ригорозниот закон за пушење објавен на ЕНЕР – јавноста може да критикува и да пофали

    12.01.2026 во 09:01

    Добри вести за граѓаните: Поевтинуваат јајцата

    12.01.2026 во 09:46
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.