Close Menu
Press24
    Најново

    Левица утре повторно ќе поднесе закон за зголемување на студентскиот оброк: Студентите се оштетени за околу 400 милиони денари

    29.11.2026 во 10:53

    Владата подготвува студентска картичка со 20% попуст – студентите ќе можат да ја користат во текот на целата година

    29.11.2026 во 10:43

    „Македонија пат“: Сите екипи се на терен, патиштата се чистат континуирано

    29.11.2026 во 10:33
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Левица утре повторно ќе поднесе закон за зголемување на студентскиот оброк: Студентите се оштетени за околу 400 милиони денари
    • Владата подготвува студентска картичка со 20% попуст – студентите ќе можат да ја користат во текот на целата година
    • „Македонија пат“: Сите екипи се на терен, патиштата се чистат континуирано
    • Ѓорѓиевски: Скопје е подготвено за снег
    • Ѓорѓиевски: Скопје ќе биде накитено од 10 до 15 декември, новогодишната прослава ќе биде со македонски изведувачи и без огномет
    • ВИДЕО: Превртена кола на патот Стража – Гостивар, интервенира и противпожарна екипа
    • ВИДЕО: Вее снег на Стража
    • -18 степени во Македонија, доаѓа вистинска зима
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Левица утре повторно ќе поднесе закон за зголемување на студентскиот оброк: Студентите се оштетени за околу 400 милиони денари

    Левица утре повторно ќе поднесе закон за зголемување на студентскиот оброк: Студентите се оштетени за околу 400 милиони денари

    29.11.2026 во 10:532 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Левица реагира на односот на министерката за образование и наука Весна Јаневска кон студентските протести, обвинувајќи ја дека наместо да одговори за неусогласувањето на субвенционираниот студентски оброк со инфлацијата, го доведува во прашање револтот на студентите.

    Од партијата посочуваат дека, според нивните пресметки објавени во август, студентите се оштетени за околу 400 милиони денари поради повеќегодишното неусогласување на износот на субвенционираниот студентски оброк со инфлацијата.

    Од Левица нагласуваат дека усогласувањето на студентскиот оброк со инфлацијата е законска обврска, а не прашање на политичка волја или расположливи средства. Според нив, најавените нови модели за октомври 2027 година не можат да го надоместат досегашното неисполнување на законската обврска.

    Партијата информира дека во изминатиот период ги искористила расположливите институционални механизми за решавање на проблемот. Меѓу нив се поднесување законски измени и амандмани, иницирање судска постапка, како и доставување претставка до Народниот правобранител.

    Од Левица потсетуваат дека парламентарното мнозинство претходно ги одбило нивните предлози за зголемување на студентскиот оброк, додека министерката Јаневска ги упатува студентите да чекаат судска разрешница за остварување на право кое, според партијата, веќе им е загарантирано со закон.

    Поради ваквиот развој на настаните, пратеничката група на Левица најавува дека утре повторно ќе поднесе предлог-закон за зголемување на субвенционираниот студентски оброк.

    „Не се студентите тие кои треба да ја докажуваат логиката на својот протест, туку Јаневска е таа која треба да ја објасни причината за своето непостапување по закон“, порачуваат од Левица.

    Прочитај повеќе

    Владата подготвува студентска картичка со 20% попуст – студентите ќе можат да ја користат во текот на целата година

    29.11.2026 во 10:43

    ВМРО-ДПМНЕ: Парното во Скопје е поевтино од Белград, Сараево и Љубљана

    28.11.2026 во 15:29
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.