Close Menu
    Најново

    ВИДЕО: Цеца исвиркана во Велес – го стави бугарското знаме на раменици

    01.11.2025 во 10:48

    Почина осуденик од 27 април за претепувањето на Села

    01.11.2025 во 10:41

    Краделе кабли во „Железара“ – ги фатиле кога се обиделе да си го земат алатот

    01.11.2025 во 10:24
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • ВИДЕО: Цеца исвиркана во Велес – го стави бугарското знаме на раменици
    • Почина осуденик од 27 април за претепувањето на Села
    • Краделе кабли во „Железара“ – ги фатиле кога се обиделе да си го земат алатот
    • Почнува аплицирањето за студентски стипендии за 2025/2026, првпат се доделуваат и 15 за студии по македонски јазик
    • Посебен сообраќаен режим во Бутел поради задушница
    • Митровденска задушница – од каде потекнува?
    • Денеска гласаат затворениците, болните и изнемоштените
    • Искористете го викендов, од понеделник нагла промена на времето
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24Press24
    Home » Левица обвинува за неовластен упад во банкарски сметки: ДПМНЕ врши политичка репресија со злоупотреба на институциите

    Левица обвинува за неовластен упад во банкарски сметки: ДПМНЕ врши политичка репресија со злоупотреба на институциите

    20.09.2025 во 14:28
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Партиијата Левица денеска остро реагираше на, како што тврди, „неовластен и незаконски упад“ во лични банкарски сметки на нејзини пратеници, за кој директно ја обвинува владејачката ВМРО-ДПМНЕ.

    Во соопштението Левица вели дека се направен преседан со обелоденување на информации добиени без налог и без постоење на било какви индиции за сторено кривично дело.

    „Наместо да го истражуваат криминалот на Заев и Мијалков, ДПМНЕ го користи државниот апарат за политичка репресија врз свои противници. Овие информации може да се добијат само преку посебни истражни мерки, а во случајов тие се прибавени незаконски“, изјави Круме Богевски, портпарол на кампањата на Левица за локалните избори.

    Од Левица додаваат дека исплатените суми се легални и транспарентни, а дека ова е обид за дискредитација и за замена на теми.

    „Јавно повикуваме – ако веќе се следат трансакциите на пратениците на Левица, тогаш нека се објават и приходите на семејството Заев. Дали тоа ќе се случи? Не, бидејќи таму лежи вистинскиот криминал“, стои во партиското соопштение.

    Партијата обвини и дека ВМРО-ДПМНЕ упорно го крие сопствениот имот, на кој, според Левица, Државниот завод за ревизија веќе нотирал сериозни недостатоци – за разлика од нивните сопствени финансиски извештаи, кои се „без забелешки“.

    „Официјално побаравме информации поврзани со недвижниот имот на ДПМНЕ, но одговор не добивме – што претставува прекршок, потврден и од Агенцијата за слободен пристап до информации од јавен карактер“, посочуваат од Левица.

    Партијата најави дека нема да отстапи од борбата за, како што велат, „вистинска демократија и правна држава“, обвинувајќи ја ВМРО-ДПМНЕ за хунта и политичко прогонство.

    Популарно

    Драматичен пресврт: Ана Николиќ се омажи за човекот кој ја претепа и го пријави во полиција

    31.10.2025 во 23:48

    Трамп ги изгуби нервите кажа доста: Откажан самитот Трамп-Путин во Будимпешта

    31.10.2025 во 23:19

    Почина осуденик од 27 април за претепувањето на Села

    01.11.2025 во 10:41

    Третооделенци од Крива Паланка преживеаја ужас на екскурзија во Битола: Автобусот разбиен и украдени лични предмети на учениците

    31.10.2025 во 19:22
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.