Левица: Настанот за одржување протест е креиран од лажен профил, утре ќе поднесеме приговори до ДИК
Левица не е креатор на настанот на кој се повикува на протест пред Државната изборна комисија в сабота.
-Сакаме да ве известиме дека овој настан не е креиран од страна на нашата партија, ова е настан креиран од лажен профил. Го повикуваме нашето членство да го пријави/репортира истиот и истовремено ве известуваме дека, партијата во текот на утрешниот ден, ќе поднесе приговори до ДИК, поради извршените неправилности и украдените гласови за Левица, се вели во објавата на официјалната Фејсбук страна на Левица.
Другари и другарки, Сакаме да ве известиме дека овој настан не е креиран од страна на нашата партија, ова е настан...
Posted by Левица / E majta / Levica on Thursday, 16 July 2020
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа