Close Menu
Press24
    Најново

    Гаши за изборите во Брвеница: Нека победи најдобриот и нека им служи на сите граѓани

    29.10.2026 во 12:41

    Руската амбасада ги отфрла обвинувањата на АНБ за пропагандна мрежа во Македонија

    29.10.2026 во 12:12

    Клековски: За операција на очите плаќал Фондот, ама плаќале и пациентите – детали за големата акција

    29.10.2026 во 12:00
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Гаши за изборите во Брвеница: Нека победи најдобриот и нека им служи на сите граѓани
    • Руската амбасада ги отфрла обвинувањата на АНБ за пропагандна мрежа во Македонија
    • Клековски: За операција на очите плаќал Фондот, ама плаќале и пациентите – детали за големата акција
    • Манасиевски: Заев и Филипче земаа советници од СНС во Владата – на иста линија се со Вучиќ
    • Нема повеќе заминување од Армијата на 45 години – Војниците добиваат нова можност
    • ОКТА, МВР и РСБСП со нова кампања за поголема безбедност во сообраќајот
    • Полицијата нема да признава лична карта и возачка дозвола на телефон – граѓаните мора да ги носат пластичните
    • На едно место постудено, на друго потопло – УХМР ги измери температурите, најавува „потоп”
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Левица: На жештина од 40 степени, Владата им вели на газдите „ако може, поштедете ги работниците“

    Левица: На жештина од 40 степени, Владата им вели на газдите „ако може, поштедете ги работниците“

    11.08.2026 во 09:573 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Во Македонија, каде работничките права секојдневно се газат и каде само во 2025 година се евидентирани 132 несреќи при работа, од кои 31 со смртен исход, и оваа власт на ДПМНЕ како и претходно на СДСМ, очекува истите работодавачи самите да покажат совест при високи температури, се наведува во соопштението на Левица.

    -Во таква држава да ја оставиш заштитата од екстремна жештина на ʼпрепоракиʼ не е наивност, туку политичка одлука газдата да не се вознемирува со задолжителни прекини, а работникот нека го понесе ризикот со сопственото тело. И самата Влада знае дека ова не е регулирано како што треба. Во Акцискиот план за топлотни бранови 2025–2030, под „Препораки за заштита на здравјето на вработените“, буквално стои дека постои потреба од донесување законска регулатива со критериуми и стандарди за професионална изложеност на високи температури при работа на отворено. Истиот документ препорачува избегнување работа од 11 до 17 часот, почести паузи, разладување, вода и електролити, прекин на работата по потреба. Всушност, како и речиси сѐ во државата, проблемите се дијагностицираат, утврдуваат, но остануваат на “треба” на хартија во некоја стратегија, акциски план, протикил и сл, велат ЛЕВИЦА.

    Додаваат дека реалноста најдобро покажува колку власта се грижи за работниците и дали го чита она што го пишува во тие планови.

    -Кога беше активирана Фаза 3, Владата не нареди прекин на работата на директна топлина од 11 до 17 часот, туку побара да се „разгледа можноста“ за одложување на работниот процес. Зарем во земја каде работникот стравува да побара плата, одмор или прекувремени часови, ДПМНЕ сериозно очекува газдата доброволно да ја запре машината, градилиштето или производната линија затоа што му станало жал за туѓото здравје? Кога профитот е загарантиран со договор и закон, а животот е оставен на „да се разгледа можноста“, тогаш страната на власта е совршено јасна. Притоа науката одамна нема дилема што значи оваа изложеност. Светската здравствена организација предупредува дека топлотниот стрес на работното место може да доведе до тешки здравствени состојби и смрт. Повеќе од 2,4 милијарди работници глобално се изложени на прекумерна топлина, со повеќе од 22,85 милиони професионални повреди годишно поврзани со таква изложеност. Што значи дека говориме за препознат професионален ризик кој може да убие. А одговорот на ДПМНЕ на ризик што може да убие е административно намигнување кон работодавачот: ако може, нека го поштеди работникот, велат од партијата.

    -Левица не прифаќа човековиот живот да зависи од усулот и карактерот на газдите. Потребна е обврзувачка регулатива со јасни критериуми, задолжително ограничување или запирање на работата при опасни услови, платени паузи за разладување, вода и заштита на товар на работодавачот, посебен режим за ранливите категории и инспекциски надзор со сериозни санкции, велат тие.

    Just In Top News
    Прочитај повеќе

    Манасиевски: Заев и Филипче земаа советници од СНС во Владата – на иста линија се со Вучиќ

    29.10.2026 во 11:45

    Нема повеќе заминување од Армијата на 45 години – Војниците добиваат нова можност

    29.10.2026 во 11:22
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.