Левица: Кога се треба да биде сјајно, нашата општина е накитена со маалски депонии, новогодишно украсување по теркот на Муцунски
По принципот една слика вреди повеќе од илјада зборови, во мала прошетка низ општина Аеродром пред Новата 2024 година, кога се треба да биде накитено и сјајно, нашата општина е накитена со маалски депонии на секој чекор, реагираат од Левица.
„За да бидеме во духот на предновогодишното расположение, ќе ја парафразираме детската песничка на Ј.Ј. Змај – “Што е убав овој Аеродром, онде отпад, овде смет“.
Навистина е жалосно да ја гледаме општината во ваква состојба, дури и во овие предпразнични денови. Особено е жално, кога ќе земеме во предвид дека од општинскиот буџет се издвојуваат 350.000 евра наменети за приватна фирма која треба да се грижи за хигиената во општината“, велат од Левица.
Според оваа партија, жителите на општина Аеродром го прашуваат градоначалникот Муцунски дали ова го ветуваше во предизборната кампања.
„Дали можеше да се погрижи барем предновогодишно да ја зачисти општината? Или можеби мисли дека наместо елки и сијалички, општината треба да биде “накитена“ со ѓубре?? Жителите на општина Аеродром се скромни и во новата година, наместо Дедо Мраз, очекуваат скапо платената фирма за одржување на хигиена, да ги исчисти маалските депонии и ѓубрето.
Градоначалниче Муцунски, Ве советуваме да се фатите за работа, бидејки се ближат избори.
Патем, ви посакуваме Среќна Нова Година и чист Аеродром“ е напишано од страна на Левица.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа