Левица има нов генерален секретар (ФОТО)

„Левица доби нов генерален секретар - Јована Мојсоска, информираше Апасиев вечерва. Ја опиша како „млада и начитана“.

Генералниот секретар на Левица - другарката Јована МОЈСОСКА е новото лице на македонската политичка сцена и идна наша пратеничка.

Млада, начитана, храбра, чесна… Велемајстор на политичката агитација и моторот на нашата Организација. Која суштинска разлика, човече, од шупливата Шеќеринска или анонимните социјалдемократки и либтарди во Собранието. Одма се приметува човек кој не е контаминиран од семинарите на Сорос, ФЕС или Аденауер.

Ете од кај го црпиме нашиот оптимизам во Борбата. Затоа што нашето време допрва доаѓа! Оти ние тек сега изгреваме, а вие заоѓате.

Пасокизација“, вели Апасиев.

26.10.2022 - 22:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега