Close Menu
Press24
    Најново

    ФОТО: ДУИ обвинува за полициска бруталност

    09.10.2026 во 11:15

    ВИДЕО: Со албанско знаме го блокираше сообраќајот – Полицијата го пронајде лицето кое„глумеше шериф“ во Скопје

    09.10.2026 во 08:35

    Пред нас продолжен викенд, а потоа уште еден – На овие датуми ќе одмориме

    09.10.2026 во 08:28
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Бруклин Бекам ја покажа огромната тетоважа посветена на Никола Пелц
    • ТикТок пред милионска казна? Европската комисија ги анализира доверливите документи од Романија
    • Сиљановска-Давкова ја прими претседателката на турската Црвена полумесечина
    • Доживотен затвор за серискиот убиец од Старо Нагоричане
    • Кос: Соработката со Турција во транспортот и поврзаноста е важна за ЕУ, но постојат загрижености за демократските стандарди
    • Карпош одбележа 50 години постоење со традиционалните спортски игри за пензионери
    • Ердоган: Газа е претворена во најголемиот концентрационен логор во светот
    • Возач на мопед тешко повреден во сообраќајка во Делчево
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Левица до СДСМ: Наместо напади, кажете дали сте за една изборна единица

    Левица до СДСМ: Наместо напади, кажете дали сте за една изборна единица

    13.07.2026 во 11:233 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    СДСМ повторно потврди дека политичката ирелевантност не е само прашање на изборен резултат, туку и на политички рефлекс. Партија која со години секој принцип го претвораше во монета за поткусурување, денес се обидува да држи лекции за опозиционерство на парламентарна партија која иницираше координација на опозицискиот блок околу суштинска реформа на Изборниот законик, се наведува во соопштението од ПП Левица.

    -Наместо одговорна и достоинствена реакција и воопшто став за една изборна единица – СДСМ излезе со соопштение составено од политичка фрустрација и очајнички обид вниманието да се пренасочи од темата што очигледно најмалку им одговара. Во текот на целата дебата за Изборниот законик, СДСМ не изгради ниту една препознатлива политичка позиција за суштинските прашања. Наместо да објаснат дали се за една изборна единица, дали секој глас треба да вреди еднакво и дали Македонија конечно треба да добие поправеден изборен систем, тие упорно се обидуваат дебатата да ја сведат на конспиративни теории.
    Одбивањето на координација претставува директно пропуштање на можноста власта да биде обврзана да прифати заеднички опозициски став, велат од Левица.

    Додаваат дека особено симптоматично е што партијата која со години тврдеше дека се залага за една изборна единица, денес одбива дури и да седне на маса за да разговара за таква реформа. Ако и понатаму се за една изборна единица, тогаш што ги спречува да учествуваат во разговорите? Ако повеќе не се, нека имаат доблест да им го кажат тоа на своето членство.

    -Неодговорно е што ваквиот пристап ги продлабочува поделбите меѓу опозициските субјекти токму во момент кога постои реална можност за заедничко дејствување. СДСМ со своето одбивање не ја казнува Левица, туку ја пропушта можноста опозицијата да настапи усогласено и да издејствува подобри изборни правила. За СДСМ, сепак, сегашниот изборен модел е прашање на политичко преживување. Затоа панично го бранат системот што произведува изгубени гласови, непропорционална распределба на мандати и вештачки политички кислород за партии кои одамна ја загубија довербата кај граѓаните. Се надеваат дека она што повеќе не можат да го добијат од граѓаните, ќе го добијат од изборната математика. Кога некаде нема поделба на плен, амнестии, институции или политички комфор, ним им изгледа како да нема ни причина за средба. Разбирливо е што не можат да сфатат дека постои партија кои разговара за правила, а не за привилегии. Во нивниот политички универзум, разговорите никогаш не се однесуваат на јавниот интерес. Затоа и не можат да поверуваат дека некој навистина свикува состанок за една изборна единица, а не за политичко пазарење. Толку долго функционираат во логиката на политичките комбинации, што денес секоја иницијатива ја мерат според сопствените навики, велат Левица.

    Додаваат дека уште поиронично е што партијата која осум години беше носител на власта и заедно со ДПМНЕ по скратена постапка ги донесе скандалозните измени на Кривичниот законик со кои беа амнестирани околу 80 функционери на ДПМНЕ, денес комично се обидува да се претстави како авангарда на отпорот против политичкиот естаблишмент. Тешко е да се глуми револуционер откако си бил архитект на најконтроверзните политички зделки.

    -Граѓаните веќе им пресудија. На локалните избори во Скопје во 2025 година, Левица стана најсилната опозициска политичка сила во главниот град, додека СДСМ го доживеа својот најтежок политички пад. Наместо да направат анализа зошто граѓаните им го свртеа грбот, тие повторно бараат виновник во Левица. На крајот, останува само едно прашање на кое СДСМ упорно одбива да одговори: Дали сте за една изборна единица или не? Сè друго е очајнички обид да се спаси сопственото распаѓање, велат тие.

    Just In
    Прочитај повеќе

    Николоски во Подгорица на средба со министерот за транспорт Зечевиќ: Акцент на регионалното поврзување и пристаништата

    09.10.2026 во 18:22

    Николоски на средба со Ивановиќ во Подгорица: На регионот му се потребни партнерства, регионална поврзаност и економска соработка

    09.10.2026 во 16:33
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.