Левица: Директорот Вејсели се луксузира, а работниците во Македонски железници на принуден одмор

Македонски Железници Транспорт деновиве донесоа одлука вработените да се упатат на "доброволен" привремен принуден одмор, поради тешката финансиска состојба во која е доведено претпријатието и мерките за штедење. Иако во законот не постои термин "доброволно", кога работниците без своја волја се упатуваат на принуден одмор и земаат помала плата, директорот од Алтернатива сепак донел незаконска одлука - на штета на работниците и јавниот интерес“, се вели во соопштението на Левица.

До Левица пристигнала реакција од вработените во МЖ ТРАНСПОРТ дека директорот Мајан Вејсели додека "штеди" на грбот на работниците, истовремено се луксузира за своите пулени вработени во ова претпријатие, објавија од партијата.

„Директорот Вејсели си ги згрижил своите партиски луѓе во МЖ Транспорт со разни договори на дело, а кои воопшто и не одат на работа. Штетата која ја направил Вејсели на претпријатието е повеќе од еден милион денари месечно за овие вработување. Работниците се жалат дека откако на функција стапил Вејсели, повеќе не се исплатуваат надоместоци за починат член на семејството, прекувремени саати и други надоместоци. Повеќе од јасно е дека економската криза во Македонија не е увезена, туку истата е резултат на некомпетентноста и криминалите на владејачките ДУИ и СДС и нивните пајтон партии - кои го донесоа обичниот работник на раб на егзистенција“, велат од Левица.

09.11.2022 - 11:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега