Close Menu
Press24
    Најново

    Утре пристигнува првиот снег во регионот

    21.09.2026 во 11:22

    „Тато, не оди на Октоберфест…“Семејството на Александар го предупредило во пресрет на трагедијата

    23.09.2026 во 09:39

    Брат го пријавил братот во полиција – Семејна драма во Македонија

    22.09.2026 во 08:22
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Истражни детали од Турција: Момчето кое пукаше кај училиште во Маниса го најавило нападот, еве што е најдено во неговата соба
    • Одлични вести за возачите: Цената на нафтата драстично падна
    • Дома криел оружје – Македонската полиција го фати
    • ФОТО: Засадиле 680 кила канабис – МВР откри голема нелегална плантажа
    • Падна првиот снег и во Босна и Херцеговина
    • Плоштад Македонија станува полигон за прва помош: 10 младински екипи во натпревар
    • ФОТО: Полицијата упадна во домот на скопјанец и веднаш го приведе
    • ВИДЕО: Инцидент меѓу Турција и Израел за време на говорот на Ердоган во ООН
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Летото носи и ризици: ИЈЗ предупредува на сексуално преносливите инфекции

    Летото носи и ризици: ИЈЗ предупредува на сексуално преносливите инфекции

    10.08.2026 во 09:342 Mins Read
    ИЈЗ
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    „Уживајте во летото, создавајте убави спомени, но не заборавајте да се грижите за своето здравје“ – со оваа порака Институтот за јавно здравје денеска потсетува на важноста од заштитата од сексуално преносливи инфекции (СПИ).

    Од ИЈЗ посочуваат дека СПИ најчесто се пренесуваат преку незаштитен вагинален, анален или орален сексуален контакт. Причинители можат да бидат бактерии, вируси и други микроорганизми.

    Особено важно е што не секоја инфекција предизвикува веднаш забележливи симптоми. Тоа значи дека лице кое се чувствува здраво сепак може да има инфекција и да ја пренесе на сексуалниот партнер.

    Нелекуваните СПИ можат да предизвикаат сериозни здравствени проблеми, меѓу кои воспаленија на репродуктивните органи, нарушувања на плодноста, компликации во текот на бременоста, како и зголемен ризик од одредени видови карцином.

    Од ИЈЗ нагласуваат дека редовното тестирање, навременото лекување и превенцијата се клучни за намалување на ризикот.

    Како една од најважните мерки се издвојува правилната употреба на кондом при сексуални односи, која значително го намалува ризикот од повеќето СПИ. Редовно тестирање се препорачува особено за лицата кои имаат нов или повеќе сексуални партнери, како и во случаи кога постои сомневање за изложеност на инфекција.

    ИЈЗ советува да се побара лекарска помош при појава на симптоми како необичен исцедок, печење при мокрење, болка во пределот на гениталиите или промени на кожата и слузниците.

    Од Институтот предупредуваат и да не се земаат антибиотици или други лекови на своја рака. Неправилната терапија може да доведе до дополнителни компликации, но и до развој на отпорност кон лековите.

    Важна улога во превенцијата има и вакцинацијата. Постојат ефикасни вакцини против ХПВ и хепатит Б, а од ИЈЗ препорачуваат и отворена комуникација меѓу партнерите и одговорно сексуално однесување.

    „СПИ може да се случат секому. Навременото откривање, соодветното лекување и превентивните мерки се најдобрата заштита и за личното здравје и за здравјето на другите“, нагласуваат од Институтот.

    Дополнителни информации за симптомите, можните компликации, начинот на пренесување и превенцијата од сексуално преносливи инфекции се достапни на веб-страницата на ИЈЗ.

    Just In Picks Top News
    Прочитај повеќе

    Дома криел оружје – Македонската полиција го фати

    23.09.2026 во 10:46

    ФОТО: Засадиле 680 кила канабис – МВР откри голема нелегална плантажа

    23.09.2026 во 10:45
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.