Во периодот од 01.11.2025-16.11.2025 како резултат на редовните сообраќајни контроли што ги реализираат полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ земјава, од вкупно 10.210 издадени платни налози, 2.983 прекршоци се однесуваат на возачи кои не ја почитувале пропишаната брзина на движење.
Лишени од слобода за безобзирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик биле 55 лица, од кои 37 за возење под дејство на алкохол, еден поради возење во забранет правец, 11 за возење со брзина поголема од дозволената во населено место, шест за возење со брзина поголема од дозволената надвор од населено место.
Понатаму, според статистичкиот преглед од полициските активности, во текот на месец ноември до сега евидентирани се 2.717 прекршоци за неправилно паркирање, 1.039 мерки се изречени за возачи што управувале возило без возачка дозвола, како и 300 санкции за возење под дејство на алкохол.
Од друга страна пак, а согласно одредбите од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата санкционирани биле 42 возачи на мотоцикли за неносење заштитен шлем, а санкционирани се и 282 пешаци и четири возачи на електрични тротинети. Исто така санкционирани се 546 учесници во сообраќајот кои што не користеле сигурносен појас. Согласно Законот за возила, 252 возила биле отстранети од сообраќај заради тоа што биле нерегистрирани, а 55 заради техничка неисправност. Санкционирани се и 52 возачи поради неисполнување на пропишаните услови во однос на затемнувањето на стаклата на возилата (фолии).
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.
Актуелно
- Ужас ја потресе Македонија: Автомобил прегази 13-годишно девојче и избега, полицијата трага по возачот
- Македонија и Австралија ги здружуваат силите: Потпишан Меморандум за борба против транснационалниот криминал
- Историски снежни врнежи во Русија: Во Москва измерени над 60 сантиметри снег после 32 години
- Подгответе се за гужви – утре посебен режим на сообраќај во Скопје
- (ФОТО) Синот на премиерот слави роденден и именден
- Трамп со нов удар врз Хавана: Царини за сите земји што ѝ продаваат нафта на Куба
- Време е за жена на чело на ОН: Гутереш со јасна порака пред истекот на мандатот
- Ќе нема струја до 15:30 – ЕВН најави неколку исклучувања

