„Летаа“ казни: Санкционирани 192 возачи во Гази Баба

 

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (27.10.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

Само на територијата на Гази Баба изречени се вкупно 192 санкција, меѓу кои за возење без возачка дозвола 25 лица, 23 технички неисправни и нерегистрирани возила, 15 санкции за неносење на заштитна маска...

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

28.10.2020 - 08:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега