Лесно се прави, а гостите ќе ја обожаваат - Кејт Мидлтон го откри рецептот за нејзината омилена торта
Кејт Мидлтон внимава на својата фигура и не јаде често благо, но кога ќе реши да се почести, секогаш одбира суфле со урми и прелив од карамела. Слаткарот на кралското семејство го открил рецептот за овој сочен десерт.
Состојки:
За преливот:
1/2 шолја кафеав шеќер
1 шолја путер
1/2 шолја слатка павлака
За колачот:
170 г исечкани урми
1 лажиче прашок за печиво
1 лажиче сода бикарбона
240 мл зовриена вода
60 г путер
170 г шеќер
225 г црно чоколадо
1 јајце
230 г брашно
1 лажиче екстракт од ванила
Приготвување:
Преливот: Во тавче загрејте кафеав шеќер, путер и слатка павлака на висока температура со постојано мешање. Кога шеќерот ќе се стопи, тргнете го од рингла.
Колачот:
Во чинија сипете 1 шолја зовриена вода врз сечканите урми и содата бикарбона и добро измешајте.
Загрејте ја рерната на 180 степени.
Во друга чинија, со миксер матете шеќер и путер додека добиете лесна и пенеста текстура (околу 3 минути). Додајте јајца и екстракт од ванила и мешајте додека сето тоа се соедини. Додека мешате, полека сипувајте брашно, прашок за печиво и смесата со урми. Сето тоа заедно префрлете го во сад за колач.
Покријте го садот со хартија за печење, а потоа и со еден слој алу-фолија.
Ставете го колачот во рерна и печете 30-40 минути.
Кога ќе се испече, со лажица извадете парче колач и послужете го на чинија. Врз колачот сипете го претходно приготвениот сос. По желба, можете да додадете шлаг и малку свежо овошје.
Добар апетит!
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа