Фолк ѕвездата Лепа Брена ќе биде дел од документарниот филм за животот на Саша Поповиќ, насловен како „Сале“, кој во изминатите месеци го подготвуваше семејството на починатиот магнат со поддршка на „Гранд Продакшн“.

Иако Сузана Јовановиќ неодамна призна дека нема контакт со пејачката по смртта на Саша, Брена сепак се појавува во официјалниот трејлер за филмот. Видно емотивна и со грутка во грлото, таа се присетува на заедничките почетоци и тешките моменти низ кариерата.

„Дури и кога ни беше најтешко, секогаш се согласувавме дека мора да продолжиме понатаму…“, вели Брена во краткиот исечок од најавата.

Сузана Јовановиќ истакна дека во филмот се појавуваат сите луѓе кои биле клучни во животот и кариерата на Поповиќ. Документарецот ќе биде емитуван на Прва телевизија во два дела, во сабота и недела со почеток во 20 часот.

Exit mobile version