Close Menu
Press24
    Најново

    Поранешна министерка загина во железничката несреќа во Шпанија

    28.10.2026 во 15:59

    Закана од терористички напад – Заканувачка порака испратена на е-маил на Народното собрание на РС

    28.10.2026 во 15:49

    Тошковски од САД: Најсовремените светски технологии и искуства во функција на поголема безбедност на граѓаните во Македонија

    28.10.2026 во 15:29
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Поранешна министерка загина во железничката несреќа во Шпанија
    • Закана од терористички напад – Заканувачка порака испратена на е-маил на Народното собрание на РС
    • Тошковски од САД: Најсовремените светски технологии и искуства во функција на поголема безбедност на граѓаните во Македонија
    • Кривична пријава за директорот на ЈКП „Брегалница“ од Делчево: Злоупотребил службена положба за слободни денови на вработена
    • Велес: Автомобил излетал од пат, па се забил во дрво
    • ВИДЕО: „Алкалоид“ е првата домашна компанија добитник на престижниот меѓународен сертификат TOP EMPLOYER 2026
    • Кражба во охридски хостел: Египќанец украл телефон и пари од гости, па приведен на автопатот Тетово – Скопје
    • Мицкоски: Сите потврдија дека сме земја со најголем раст во регионот
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Ленче Ристоска: Ми го земаа предметот „Талир 2“ за да се спаси имотот на ВМРО-ДПМНЕ

    Ленче Ристоска: Ми го земаа предметот „Талир 2“ за да се спаси имотот на ВМРО-ДПМНЕ

    15.07.2026 во 18:235 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Во врска со вчерашната ослободителна пресуда во предметот „Талир 2″ и одбиеното барање за конфискација, како обвинител кој го започна и седум ипол години го застапуваше предметот, сакам да појаснам одредени суштински околности што не беа опфатени во јавно објавеното соопштение на судот. Во првата постапка, врз истиот доказен материјал, судот донесе осудителна пресуда за умислено дело — што подразбира дека доказите за целта и намерата со која обвинетите делувале беа дел од предметот и водеа до осуда. Токму затоа тешко се одржува сегашната констатација дека немало докази за намерата: истиот доказен материјал веќе ја адресираше целта заради која обвинетите ги презеле дејствијата, односно намерата со која делувале и за неа стана збор уште во првичното обвинение, пишува на ФБ обвинителката Ленче Ристовска.

    Понатаму, факт е дека во меѓувреме беше изменет КЗ и овие измени имаа импакт на предметот. Со оглед дека обвинителството не е врзано со првобитната квалификација и опис на дејствијата на извршување и во текот на целата постапка може да предлага друга квалификација и да прави модификации на описот на обвинението кои одговараат на фактичката состојба што произлегува од доказите, во овој предмет беше изменето обвинението. Изменетото обвинение содржеше и дејствие на извршување коешто не постоеше во првичната верзија — обврската на Груевски, како претседател на партијата, да ги врати примените средства од Бетон во Буџетот и да ја надомести разликата од вредноста на објектот наспроти реалната вредност на земјиштето, токму поради несразмерот што судот веќе еднаш го утврди во претходната пресуда. Ова дејствие директно одговара на измените на Кривичниот законик, бидејќи се однесува на неизвршување обврска пропишана во Законот за финансирање на политичките партии, а овој облик не беше засегнат од декриминализацијата и одговорноста по членот 353 опстојува, особено ако се имаат предвид доказите дека имотот и користа завршила кај политичката партија ВМРО ДПМНЕ.

    Притоа судот експлицитно наведува дека доказите останале исти како во првата постапка, дека својата анализа и оцена на тие докази ги задржал непроменети и дека останал „конзистентен во одлучувањето”. Но од истиот тој доказен материјал, со иста оцена, судот еднаш изведе осудителна пресуда, а сега ослободителна. Ако ниту доказите, ниту нивната оцена не се променети, останува прашањето како истата доказна основа води до два спротивни исхода — објаснувањето дека сето тоа е последица само на измените на КЗ не ја отстранува оваа противречност, бидејќи измената на законскиот опис не менува што докажуваат доказите. Ова особено за делот од обвинението кој се однесува на законската обврска на Груевски по Законот за финансирање на политички партии, кој во образложението што судот јавно го објави воопшто не е спомнат.

    Дополнително, предметот навлегува во завршна фаза на застареност во август годинава. Тоа значи дека дури и во случај на жалба, Апелациониот суд реално нема доволно време мериторно да одлучи пред да настапи застареност. Конфискацијата на имот е можна кога кривичното гонење ќе застари, но не е можна по правосилна ослободителна пресуда.

    Затоа ваквиот тек на настаните му ја отежнува можноста на обвинителството да бара конфискација во посебна постапка, при првостепена ослободителна пресуда, и клучно е прашањето дали ќе следи жалба од обвинителството и дали во фаза на жалбена постапка ќе се бара од Апелациониот суд да се произнесе по однос на конфискацијата, иако кривичното дело ќе биде застарено.

    На крај, споделувам и еден процесен детал за кој се пишуваше во медиумите: на едно од последните рочишта, застапниците на ВМРО-ДПМНЕ побарале одлагање поради нивно отсуство, иако присуството не им е законски задолжително. На ваквото барање обвинителството не се спротивставило, а судот по службена должност не реагирал и рочиштето било одложено. Сите овие настани и одлагања придонесоа предметот да влезе во ваков временски интервал и целата постапка да заврши само со првостепена одлука, без да се даде доволна временска рамка на Апелациониот суд мериторно да се произнесе.

    Ваквата контекстуална состојба — пресуда спротивна на првичната, дел од обвинението кој не е адресиран во јавното соопштение на судот, временскиот интервал во кој се носи одлуката и времето кога истекува рокот на застареност — ме наведуваат на заклучок дека единствена цел на ваквото постапување е отежнување на понатамошната постапка за конфискација на имотот. Затоа и мислам дека осудата на Груевски во овој случај е од секундарен интерес за ВМРО-ДПМНЕ — кривичниот прогон така или онака ќе застареше. Она што е суштинско е дека имотот што го стекна партијата е директна последица на дејствијата на Груевски утврдени во постапката. Токму поради тоа, исходот на кривичниот дел и судбината на имотот не можат да се гледаат одвоено: со ослободителна пресуда отпаѓа и основата за конфискација во кривичната постапка. Наративот дека пресудата во едниот дел е праведна, а во другиот само последица на измените на КЗ, ги раздвојува двете работи што правно се неразделни.

    Сите овие околности и ваквиот тек на работите, за мене како да го потврдуваат моето уверување дека овој предмет ми беше одземен за да можат заинтересираните страни да стасаат до посакуваниот исход, а тоа е избегнување на конфискацијата.

    Во насока на конзистентност на постапувањето и разјаснување на сите дилеми, очекувам да следи жалба од обвинителството, стои во нејзината објава на ФБ.

    Прочитај повеќе

    Тошковски од САД: Најсовремените светски технологии и искуства во функција на поголема безбедност на граѓаните во Македонија

    28.10.2026 во 15:29

    Кривична пријава за директорот на ЈКП „Брегалница“ од Делчево: Злоупотребил службена положба за слободни денови на вработена

    28.10.2026 во 15:10
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.