Лек против коронавирусот веќе се тестира на луѓе во САД

Лек кој би можел да биде успешен во лечење на ковид 19 се тестира на пациенти во повеќе градови во САД, соопштува фармацетската компанија Регенерон.

Ова е прво тестирање на коктели со антитела на ковид-19 во Америка, објави Си-Ен-Ен. Ако тестирањето се покаже како успешно, Регерон се надева дека лекот би можел да биде достапен уште на есен.

Клиничките испитувања започнаа во средата, а компанијата најавува дека лекот ќе се тестира на 4 групи пациенти: оние хоспитализирани со ковид-19, оние кои имаат симптоми на болеста, но не хоспитализирани, на здрави лица кои се во групата на ризик да се разболат. и на здрави луѓе кои биле во близок контакт со заразено лице.

„На светот му се потребни голем број на решенија за третман, така што иновативната индустрија за биофармакологија работи заедно за да им помогне на што е можно повеќе луѓе“, рече д-р Џорџ Јанкопулос, ко-основач, претседател и шеф на одделот за наука на Регенерон.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.06.2020 - 08:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега