Легендарниот Виали ја загуби битката со тешката болест

Фудбалското семејство доби две многу лоши вести за крај на 2022-ра година, но за жал, на доста лоша начин се отвора и новата 2023-та година.

Синиша Михајловиќ ја загуби битката со леукемијата, Пеле не успеа да го победи ракот, а денеска од Англија и Италија пристигнува најлоша можна вест и за Џанлука Виали.

Легенадрниот италијански фудбалер пред неполн месец ја извести јавноста дека ја напушта репрезентацијата во која беше помошник на Манчини со цел комплетно да се посвети на лечењето, но за жал, денеска пристигна вест дека ја загубил најважната битка на 58 години.

Виали еднаш успеа да го победи ракот на панкреасот, но болеста пред извесно време се врати во поагресивна форма и за жал резултираше со смрт.

Италијанецот рано утрово починал во Лондон и веста со голема тага ја пренесоа сите угледни медиуми, па 6-ти јануари ќе се памети како црн ден за италијанскиот фудбал.

Виали беше дел од последниот голем успех на Италија на Европското првенство, а во кариерата настапуваше за Сампдорија, Јувентус и Челси.

06.01.2023 - 11:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега