Close Menu
Press24
    Најново

    Ќе снема вода во 9 часот – Водовод најави исклучувања

    22.10.2026 во 08:22

    Се расправале за имот, па извадил пиштол и пукал во него – поранешен фудбалер обвинет за убиство на сопствениот брат

    22.10.2026 во 11:06

    Скопјанец преживеал хорор кај Градски Парк

    22.10.2026 во 08:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Тежок судир на магистралата Градско – Прилеп: Возач на „голф“ тешко повреден по несреќа со товарно возило
    • Гостиварец со кривична пријава: Физички ја нападнал ќерката во семејната куќа, па ја загрозил сигурноста и на мајка си
    • Крвав напад во Јордан: Вооружени напаѓачи отворија оган за време на погреб во црква – најмалку седум жртви
    • Заплена во КПУ Затвор Штип: Обезбедена бела прашкаста материја, следат соодветни поднесоци
    • Пијан возач со 1,82 промили алкохол избега по несреќа во Виница: Четири лица повредени, еден сопатник со тешки повреди
    • Јотова најави барање за оставка од шефот на Националната служба за обезбедување по инцидентот со новинарката
    • Вознемирувачко видео: Бодигард брутално ја собори на земја новинарката Соња Колтуклиева во Софија
    • Претседателски избори во Бугарија: Во недела се гласа меѓу 27 кандидатски двојки
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Лефков: Македонија е лидер во спроведувањето на Реформската агенда

    Лефков: Македонија е лидер во спроведувањето на Реформската агенда

    09.07.2026 во 19:302 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    На телевизија Алфа во емисијата „За или Против“ гостуваше Миле Лефков член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник, кој на самиот почеток истакна дека Македонија успешно ја спроведува Реформската агенда, посочувајќи дека, според оценките на Европската Унија, се реализирани девет од десет предвидени точки, а земјата е оценета како најуспешна во нејзината имплементација.

    „Видовме и не само по наши изјави туку и по изјавите на Марта Кос дека девет од десет точки се остварени, Македонија е прогласена за најуспешна држава во спроведување на Реформската агенда и тоа е признаено со средствата коишто ги добива од Европската Унија за спроведување на оваа Реформска агенда, ние рековме дека Реформската агенда не се спроведува само заради средствата коишто се добиваат туку за усогласување со европското законодавство и подигање на стандардите, кога станува збор за управување со јавни финансии, за отчетност, реформи во судството“, рече Лефков.

    Лефков посочи дека дел од опозициските партии ги менуваат своите ставови во однос на измените на Изборниот законик и се обидуваат да го попречат процесот и истакна дека предложениот модел на гласање веќе функционира во голем број земји членки на Европската Унија и ги обвини СДС, ДУИ и Левица дека преку политички спинови се обидуваат да создадат отпор кон предложените решенија.

    „Гледаме од опозицијата и од СДС и од Левица менување на нивните ставови и обид за блокирање, од 27 земји членки во Европската Унија, околу дваесеттина го имаат истиот систем на гласање, не станува збор за нешто коешто е непроверено, коешто не функционира во светот, апсолутно значи приклучок кон она коешто го работат современите демократи. Секој од овие опозициони партии ДУИ, СДС, и Левица почнувајќи од свои сопствени стравови, играјќи за една мала нивна публика, се обидува да ја спинува темата околу Изборниот законик, и да наоѓа безброј различни начини како да го саботира овој процес“, дециден е Лефков.

    Прочитај повеќе

    Премиерот за евроинтеграциите: Граѓаните се уморни од неправедни удари и билатерални спорови

    23.10.2026 во 13:19

    Зајкова: Границите ни се швајцарско сирење, а законите полни со дупки

    23.10.2026 во 13:00
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.