Либерално-демократската партија (ЛДП) бара итно формирање на Комисија во рамки на Општина Ресен за проценка на штетите од измрзнувањето на овошките во Преспанскиот Регион, се вели во соопштението од ЛДП што МИА го пренесува интегрално.

По нестабилните временски услови и ниските температури, земјоделците од Ресен и Преспа се соочуваат со огромни загуби на плодови и насади, од кои најмногу погодени се сливите и јаболката. Како регион чија главна стопанска гранка е земјоделството, од особена важност е општината да им излезе во пресрет на граѓаните кои својата егзистенција ја обезбедуваат од одгледување на овошје.

Само така, со искрен пристап и пријателски подадена рака за помош Општина Ресен ќе покаже дека навистина се грижи и работи за доброто на своите жители, стои во соопштението на ЛДП.

Exit mobile version