Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, порача дека Москва нема информации за деталите од безбедносните гаранции кои наводно ги договориле Вашингтон и Киев. Лавров, во изјава за ТАСС, истакна дека Русија нема да се потпира на јавни манифестации, туку ќе бара конкретни и суштински предлози на преговарачката маса.

Шефот на руската дипломатија упати остри критики до властите во Киев, нарекувајќи ги нивните политики „русофобни и неонацистички“.

„Не знаеме за какви гаранции се договориле, но судејќи по сè, станува збор за заштита на режимот кој води неонацистичка политика. Нема да се ориентираме според јавните игри“, истакна Лавров.

Exit mobile version