Ламбе излезе на слобода, но одземен му е пасошот
Македонскиот пејач Ламбе Алабаковски, кој беше во домашен притвор, од денеска е на слобода, но му беше одземен пасошот како мерка на претпазливост.
Ламбе е осомничен за подметнување на пожарот во Културниот центар „Ванчо Михајлов“ во Битола, а според полицијата, тој го признал делото.
Настанот се случи на 4 јуни, кога Алабаковски со бензин го запали влезот на културниот центар, по што му беше одреден осумдневен притвор, кој потоа беше заменет со куќен притвор.
14.06.2022 - 15:23
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа